You are here

УНФПА во Северна Македонија

Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА работи на креирање свет каде што секоја бременост ќе биде посакувана, секое породување ќе биде безбедно и секое младо лице ќе може да го реализира својот потенцијал. Во 2018 УНФПА почна со иницијативи за постигнување трансформативни резултати во три различни сфери, амбиции коишто ветуваат дека ќе го променат светот за секој маж, жена и млад човек: да се реализира потребата за планирање на семејството, да се стави крај на смртните случаи на мајките коишто можат да се спречат и да се стави крај на родово базираното насилство и штетните практики.

УНФПА соработува со владите и партнерите за промоција на универзален пристап до квалитетна, интегрирана сексуална и репродуктивна здравствена заштита, зајакнување на системите на здравствена заштита, обука на здравствените работници, едукација на бабици и подобрен пристап до целокупна репродуктивна здравствена заштита и исто така работи на спречување и соодветен одговор на родово базирано насилство преку неговата работа со креаторите на политики, правосудните системи, системите на здравствена заштита и хуманитарните партнери. УНФПА, исто така, работи и на динамиката на населението, човечкиот капитал и одржливиот развој, како и на креирање политики за населението.  

Од своето основање во земјата во 2007 година, УНФПА во Северна Македонија ја поддржува владата во домените на репродуктивната здравствена заштита, населението и родово базираното насилство.

Новата програма на канцеларијата во земјата е целосно во согласност со Рамката за соработка за одржлив развој на Обединетите нации (United Nations Sustainable Development Cooperation Framework (UNSDCF)), 2021-2025. Обединетите нации се посветени на колективна поддршка на нивната визија за земјата – луѓето во Северна Македонија до 2030 година да постигнат еднаквост и просперитет во рамките на сите можности за правичен раст, почитување на половата еднаквост и човечките права и заедниците да соработуваат заедно на мирен начин. УНФПА ја поддржува визијата на УНСЦДФ и постигнувањето на целите за одржлив развој во Северна Македонија.

Во рамките на Обединетите нации, УНФПА е клучниот застапник и водечки партнер на Владата за здравствена заштита и права на сексуалното и репродуктивно здравје, родово базирано насилство и податоци. Фондот е перцепиран како агенција којашто придонесе за подобрувањето на состојбата на родилките и новороденчињата. УНФПА ја поддржува имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во земјата и внесува иновации во решавањето на потребите на лицата со аутистичен спектар на нарушувања, преку дигитални решенија за сеопфатно сексуално образование.

УНФПА го поддржа обезбедувањето услуги поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и родово базираното насилство на жени и девојчиња во хуманитарни контексти како што се поплави, бегалски/мигрантски кризни состојби и пандемијата на Ковид-19. УНФПА соработуваше со УНДП за операционализација на центрите за упатување на жртвите на сексуални напади.

УНФПА е клучен партнер на Државниот завод за статистика за управување со податоци. Сето ова  го прави УНФПА единствено позициониран да ги свика агенциите и партнерите на Обединетите нации за водење на агендата за сексуалното и репродуктивно здравје и права, родово базираното насилство и проблемите со населението, фокусирајќи се на младите (на возраст од 15 до 30 години) и ранливите категории на населението.

Ова ќе се постигне со проширување на стратешките партнерства, споделување на знаење, размена на стручност и иновации за да се позиционираат сексуалната и репродуктивната здравствена заштита, родовата еднаквост и ангажирањето на младите во рамките на демографскиот контекст.

.

Канцеларија на УНФПА во Северна Македонија

Контакт адреса: Јордан Хаџи Константинов Џинот 23, 1000, Скопје
Телефон: (389 2) 3249 588 
Емаил: north.macedonia@unfpa.org