You are here

Сеул, Јужна Кореја, 9 ноември 2022 - „Непредвидливата иднина ги предомислува младите парови за тоа дали да имаат семејство”, изјави денеска во Сеул, Арбана Пашоли, пратеничка во Собрание на Република Северна Македонија, во рамки на Глобалниот симпозиум за стареење и низок фертилитет, на сесијата посветена за род, права и избори од аспект на популационите политики, во организација на Фондот за население на обединетите нации (УНФПА) и Статистика Кореја.

Арбана Пашоли, пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија, на Форумот во Сеул - фотографија на УНФПА

 

Претставничката на националната делегација говореше во рамки на диксусиите за тоа кои се најдобрите мерки на државите да им помогнат на семејствата да имаат посакуван број на деца, дали и колку фертилитетот има ограничен успех во популационите трендови, која е улогата на родово-одговорни и трансформативни политики итн.

 

„Мнозинството на младите во Северна Македонија ја гледаат својата иднина надвор од државата”, изјави Марија Димитровска, претставничка на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија на панелот посветен на миграции и мобилност. Таа додаде дека УНФПА го поддржува Државен завод за статистика и Владата на Република Северна Македонија во овие политики особено по неодамнешниот попис во земјата.

 

Симпозиумот за стареење и низок фертилитет се одржува во присуство на 150 парламентарци, министри и креатори на политики, вклучително и на Република Северна Македонија, како и на ООН, академските кругови и невладини организации и националните тела на државите ширум светот одговорни за рамката на Целите за одржлив развој (SDGs).

 

Настанот става акцент на концептот на демографска отпорност со фокус на генерирање политичка поддршка за визијата кога станува збор за демографските промени, засновани на докази и заштита на човековите права, и идентификација на клучните услови, можности и решенија за демографската криза и подобрување на демографската отпорност.