Според „Economist Intelligence Unit“, 85% од жените велат дека биле сведоци на насилство на интернет, а речиси 40% лично го доживеале тоа*. Жените и девојчињата, малцинствата и маргинализираните популации се најранливи на злоупотреба на интернет, подложни на навреди и понижувачки сексуални чинови без согласност. Овој пораст на мизогинистичка омраза и насилство е поразителен за оние кои го доживуваат тоа. Сепак, ова го игнорираат технолошките компании и креаторите на политики кои продолжуваат да даваат поголема вредност и заштита на авторските права отколку на човечките суштества и нашите права на интернет. Затоа, Фондот за население на Обединетите нации -УНФПА ја лансираше кампањата ⓑbodyright, нова ознака за „авторските права“ на човечките тела.
Биди дел од движењето
Многу дигитални простори немаат доволно правила, ниту прописи со кои би нè заштитиле од овој вид на насилство, поради што дури и сторителите не се соочуваат со соодветните последици. Кога некој ќе ги прекрши авторските права, на пример, на музика, дигиталните платформи – веднаш ја отстрануваат содржината. Владите усвоија закони со кои кршењето на авторските права е незаконско, а дигиталните платформи смислија начини за идентификување и спречување на неовластена употреба на материјал заштитен со авторски права.
На кој начин ќе им обезбедиме слични права и на нашите тела во дигиталниот простор? Како ќе го привлечеме вниманието на јавноста за оваа важна тема?
Знаци против онлајн насилство
ⓑ Додадете го симболот bodyright на вашата фотографија и споделете ја, означувајќи ги @unfpa_northmacedonia како соработник, со предложени клучни пораки и хаштагот #bodyright
ⓑ Следете го она што @unfpa_northmacedonia го објавуваат во рамките на кампањата bodyright, повторно објавувајте ја и/или споделете ја нашата содржина
ⓑ Охрабрете ги вашите следбеници да се приклучат во борбата против насилството на комуникациските технологии на нивните профили
ⓑ Водете Instagram Live видеа во кои отворено ќе разговарате на оваа тема со вашите следбеници
ⓑ Охрабрете ги вашите следбеници да го користат симболот bodyright на нивните објави
ⓑ Доколку сакате да ја објавиме вашата фотографија на социјалните мрежи, испратете ни ја по е-пошта на north.macedonia@unfpa.org
ⓑbodyright е првиот знак за „авторско право“ што бара и се залага за заштита од дигитално насилство. Суштината на оваа кампања на интернет и социјалните медиуми на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА, е симболот bodyright. Овој симбол може да се додаде на која било слика од човечко тело директно на социјалните медиуми или на која било друга дигитална платформа за споделување содржина. Целта е да се поттикнат технолошките компании и креаторите на политики да ја сфатат повредата на човековите права и заштитата на телесната автономија на интернет исто толку сериозно како што го сфаќаат кршењето на авторските права.
ⓑbodyright е социјално движење што бара од сите нас сериозно да го сфатиме родово базираното насилство на интернет. Сите ние треба да ја разбереме нашата улога во тоа и да работиме заедно за да поттикнеме вистински промени и заштита на интернет за секое девојче, жена и млада личност, насекаде.
Насилството врз жените и девојчињата е кршење на човековите права и телесната автономија. Тоа претставува итен глобален проблем. Родово базираното насилство е вкоренето во мизогинијата и сè повеќе се зголемува на интернет. Дигиталното насилство вообичаено е премногу сексуализирано и има повеќе форми, вклучувајќи сајбер-вознемирување, говор на омраза, доксинг и неконсензуална употреба на слики и видеа, како што се дипфејковите.
Сликите се користат и злоупотребуваат на интернет. Луѓето се мета на навреди, вклучувајќи референци за силување, врз основа на нивниот род, раса, ЛГБТК+ статус, тип на тело и други идентификатори, а нивните слики се изложени на понижувачки неконсензуални сексуални чинови. На глобално ниво, 85% од жените изјавиле дека биле сведоци на дигитално насилство, а речиси 40% од нив лично го доживеале тоа*.
Жените, девојчињата, расните и етничките малцинства, ЛГБТК+ и другите маргинализирани заедници имаат најголема веројатност нивните слики да бидат злоупотребувани на интернет. Тоа предизвикува долгорочно психолошко, емоционално и физичко вознемирување. Сепак, дигиталното насилство не се сфаќа сериозно од страна на технолошките компании и креаторите на политики кои се чини го игнорираат тоа.
*Извор: сите наведени податоци се преземени од „Economist Intelligence Unit“, 2020 година: За студијата се анкетирани само лица на 18+ годишна возраст
Како дел од кампањата bodyright, УНФПА започна петиција, во соработка со Глобал Ситизен, барајќи вистинска акција за да се стави крај на дигиталното насилство и злоупотреба. Ги повикуваме луѓето да ја потпишат и бараме креаторите на политики, компаниите и дигиталните платформи да ја сфатат злоупотребата на интернет исто толку сериозно како прекршувањето на авторските права.
Дигиталното насилство е исто така познато како родово базирано насилство извршено со (зло) употреба на технологијата, е типично многу сексуализирано и има повеќе форми, вклучувајќи сајбер-малтретирање, праќање несакани сексуално експлицитни слики преку интернет, доксинг, говор на омраза и неконсензуална употреба на слики и видеа, како што се дипфејковите. Луѓето се мета на навреди, вклучувајќи референци за силување, врз основа на нивниот род, раса, ЛГБТК+ статус, тип на тело и други идентификатори, а нивните слики се изложени на понижувачки неконсензуални сексуални чинови.
На глобално ниво, 85% од жените изјавиле дека биле сведоци на дигитално насилство, а речиси 40% од нив лично го доживеале тоа*.
*Извор: сите наведени податоци се преземени од „Economist Intelligence Unit“, 2020 година: За студијата се анкетирани само лица на 18+ годишна возраст
Оваа мизогинска омраза и деградација на жените на интернет предизвикува долгорочно психолошко, емоционално и физичко вознемирување. Девет од десет жени (92%) пријавиле дека онлајн насилството им штети на нивната благосостојба, а повеќе од една третина (35%) доживеале проблеми со менталното здравје поради онлајн насилството. Тоа исто така го спречува автентичното самоизразување и негативно влијае на професионалните и економските средства за живот на луѓето кои зависат од онлајн просторите и социјалните медиуми.
Телесната автономија е правото на секој поединец да избере што сака прави со своето тело и да живее без страв од насилство. Овој принцип треба да се применува и онлајн и офлајн.
Родово базираното насилство е опасно и штетно дејство насочено кон поединци или групи врз основа на нивниот род. Тоа често претставува насилство врз жени и девојчиња и вклучува сè, од сексуално насилство во реалниот свет до сексуално вознемирување преку интернет, сајбер- малтретирање, доксинг и злонамерна манипулација на слики, како што се дипфејковите.
Законите во оваа област не се во чекор со технологијата и треба што поскоро да ја достигнат. Во 64 од 68 земји, агенциите за спроведување на законот и судовите се чини дека не преземаат соодветни корективни активности за справување со насилството врз жените преку интернет. Дури и кога земјите имаат правни лекови, тие честопати не се конзистентни ширум државите, областите и провинциите. Ова мора да се промени. Барањето правда не треба да биде уште едно трауматизирачко искуство. Мора да се бориме за свет каде што сите ќе бидеме заштитени од онлајн злоупотреба со конзистентни и ефективни правни мерки.
Што можат да направат креаторите на политики за да помогнат во борбата против дигиталното насилство?
Владите мора да сторат нешто. Законите во оваа област не држат чекор со технологијата и треба што поскоро да ја достигнат. Дури и кога земјите имаат правни лекови, тие честопати не се конзистентни ширум државите, областите и провинциите.
Неконсензуалната употреба, погрешна употреба или злоупотреба на сликите на луѓето треба да се криминализира, а технолошките компании и платформите за социјални медиуми треба да бидат законски обврзани да воспостават ефективни системи за модерирање и пријавување.
Технолошките компании мора да сторат нешто. Дигиталните платформи и платформите за социјални медиуми, онлајн форумите и страниците за содржина треба да ја сфатат злоупотребата на човечките тела најмалку онолку сериозно како и прекршувањето на авторските права.
Тие треба активно да ја модерираат содржината и веднаш да ги отстранат штетните и навредливите слики без да бараат правни процеси. Тие треба да го олеснат пријавувањето и да
им овозможат на луѓето подобро да контролираат кој може да ја гледа, споделува и да коментира на нивната содржина.
Технолошките компании треба да создадат иновативни решенија со цел да се спречи дигиталното насилство и да се подобри безбедноста на интернет. Тие мора повеќе да им помогнат на жртвите кои бараат помош при отстранување на објави кои ги нарушуваат нивните права и приватност и соодветно да се справат со сторителите.