Поимник на родово базираното насилство извршено со (зло)употреба на технологиjата Број на страници: 39 Автор: УНФПА |
Родово базираното насилство изршено со (зло)употреба на технологијата (англ. Technology facilitated gender-based violence – TFGBV) е релативно нова појава, нешто што би било речиси незамисливо пред триесетина години. Со сѐ поголемата застапеност на информациските и комуникациските технологии во нашиот секојдневен живот, до степен до којшто сега е тешко да се замисли еден најобичен ден без интернет, лаптоп, паметен телефон или без социјалните мрежи, родовото насилство извршено во дигиталниот простор станува сѐ позачестено.
Податоците покажуваат дека многу жени ширум светот доживеале некаква форма на родово базирано насилство извршено со злоупотреба на технологијата, додека девојчињата, девојките и младите жени се особено подложни – 58 % од нив доживеале некаква форма на родово базирано насилство во дигиталното опкружување, а во повеќето случаи тоа им се случило на возраст меѓу четиринаесет и шеснаесет години, при што речиси половина од нив (47 %) наишле на закани со физичко и сексуално насилство.
Овој Поимник е изработен врз основа на публикацијата „Родово базирано насилство со посредство на технологија - секој простор да биде безбеден“, објавен од Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА во декември 2021 година, како обид се дефинираат сите концепти во согласност со локалниот контекст и поткрепени со примери кои ни се познати и блиски. Поимникот се изработи по пат на широк консултативен процес со експерти, млади и пошироката јавност, кои дадоа многу важни предлози и коментари коишто се обидовме да ги вклучиме во документот. Бројот на појавните облици на овој вид насилство сè уште не е конечен, а со напредокот на технологијата, се отвораат нови можности за нејзина злоупотреба со цел вршење родово базирано насилство.