test
Share
Download icon

Scroll down

Твое тело, твое право

ⓑ bodyright

ⓑbodyright е кампања на УНФПА со цел едукација и подигање на свеста што ќе овозможи подобро препознавање и започнување дискусии за дигиталното родово базирано насилство во пошироката јавност, но и ќе ги поттикне носителите на одлуки и сите релевантни заинтересирани страни да развијат неопходни заштитни механизми и системи за поддршка.

Кампањата во Северна Македонија ја започнавме лани, а на 5.април, оваа година, ќе го промовираме Поимникот за родово базирано насилство со посредство на технологијата, на настан што ќе се одржи во Младинскиот културен центар. Меѓу другото, на настанот ќе разговараме со носителите на одлуки, граѓанските организации и медиумите за начините на застапување на иницијативата bodyright, за тоа кои системски и социјални промени се потребни за да се заштитат жените и девојките од сите форми на дигитално родово базирано насилство, како и доближување на целокупниот концепт на ⓑbodyright .

4 главни цели на локалната кампања ⓑbodyright :

ⓑ Да се прилагодат наративите за родово базирано насилство, кои вклучуваат длабока свест за сите форми на насилство во дигиталниот простор и неговото влијание, со цел да биде разбирливо за пошироката јавност

ⓑ Да се истражат заедничките законодавни позиции кои би можеле да ја подобрат заштитата за девојчињата и жените во дигиталниот простор

ⓑ Да се здружат технолошките компании со цел да развијат иновативни решенија кои спречуваат дигитално насилство и ја подобруваат безбедноста во дигиталниот простор

ⓑ Да се мобилизираат медиумите, инфлуенсерките и инфлуенсерите, како и младинските лидери/ки во широка борба против сите форми на дигитално родово базирано насилство

Footer banner image