Go Back Go Back
Go Back Go Back

Амбасадорот на Обединетото Кралство и УНФПА во посета на Струмица

Амбасадорот на Обединетото Кралство и УНФПА во посета на Струмица

News

Амбасадорот на Обединетото Кралство и УНФПА во посета на Струмица

calendar_today 22 March 2023

Амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон и претставници на УНФПА во посета на Струмица. Фотографија: УНФПА Северна Македо
Амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон и претставници на УНФПА во посета на Струмица. Фотографија: УНФПА Северна Македонија

Струмица, 22 март 2023 - Посета на организацијата „Скај Плус” во општина Струмица, што управува со засолништето на жртви и преживеани од родово базирано насилство, во соработка со локалните власти, Министерството за труд и социјална политика, УНФПА и финансиска поддршка на Британската амбасада во Скопје, се одржа денеска.

Овој уникатен модел на соработка со различни партнери е пример во унапредување на системот на заштита и превенција од семејно насилство и родово базирано насилство, чија цел е репликација и во другите општини во државата.



Фотографија: УНФПА Северна Македонија

„Заедничките акции, поддршката и градењето на систем кој ќе ги опфати сите , но и кој ќе ги охрабри и оние кои години се борат и сомневаат во себе останува наш приоритет”, изјави Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, во рамки на посетата.

Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство, посочи дека „да се биде во Струмица заедно со приватниот сектор, локалната самоуправа и амбасадата, е пример за соработка со меѓународните партнери”.

На настанот присутни беа и Костадин Костадинов, градоначалник на општина Струмица, кој додаде дека Струмица годинава очекува отворање на таканаречената куќа која што ќе ги згрижува жртвите по периодот на престој во шелтер центар, Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА во Скопје, која ја поздрави соработката со партнерските институции и организации со цел унапредување на сервисите за жртвите и преживеаните и Стојне Митева, претседателка на „Скај Плус Струмица”.