You are here

УНФПА во Северна Македонија работи на градење на национални капацитети за имплементација на закони и политики коишто ја унапредуваат родовата еднаквост и репродуктивните права со посебен акцент на поголема интеграција на сексуалното и репродуктивното здравје и елиминирање на родово базирано насилство. Имплементацијата на законите и политиките за родова еднаквост е попречена од сеприсутните родови стереотипи кои ги дискриминираат жените. Врз основа на успесите и постојната база на политики, постои потреба да се фокусираат интервенциите на подлабоко трансформирање на родовите односи, на нивоа на поединецот и заедницата. Заедно со партнерите, УНФПА е посветена на родово-трансформативно програмирање кое работи на промена на родовите стереотипи и нееднакви родови односи кои ги попречуваат женските права преку вклучување на мажите и момчињата.