Go Back Go Back
Go Back Go Back

Дигитално зајакнување и родова еднаквост – соработка на УНФПА, Швајцарската амбасада и Мрежата Стела

 Дигитално зајакнување и родова еднаквост – соработка на УНФПА, Швајцарската амбасада и Мрежата Стела

Вести

Дигитално зајакнување и родова еднаквост – соработка на УНФПА, Швајцарската амбасада и Мрежата Стела

calendar_today 14 December 2023

Дигитално зајакнување и родова еднаквост – соработка на УНФПА, Швајцарската амбасада и Мре
Дигитално зајакнување и родова еднаквост – Соработка на УНФПА, Швајцарската амбасада и Мрежата Стела

Скопје, 14 декември 2023 - Панел дискусија „Дигитално зајакнување и родовата еднаквост: Борба против дигитално родово-базирано насилство“ каде учествуваа претставници на националните институции, професори и адвокати, во присуство на студенти и други гости, се одржа синоќа во Скопје, во организација на мреата Стела, соработка со УНФПА Северна Македонија и Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

„Институциите, академската заедница, граѓанското општество и другите чинители мора да застанат заедно за да ја подигнат свеста за ризиците и да негуваат култура на поддршка, емпатија и разбирање. Сите вие играте клучна улога во општествената трансформација, вашиот ангажман во борбата против родовото насилство врз девојчиња, момчиња, транс и небинарни луѓе е незаменлива”, беше пораката на Лусиен Аегертер, заменик-амбасадорот на Швајцарија.

„Дигиталните платформи треба да обезбедат транспарентна заштита и свест на корисниците за своите права, да им дадат на корисниците право на избор кои содржини ќе ги гледаат и како ќе се користат нивните податоци”, истакна Афродита Шаља, шефица на UNFPA North Macedonia

„Треба да создадеме простор во кој послободно ќе разговараме за овие теми и заеднички преку солидарност да градиме заедничка иднина,” изјави Сара Миленковска ко-основачка на мрежата Стела.

Панелистките на настанот, проф. д-р Николина Кениг, професорка по психологија на Филозофскиот факултет, проф. д-р Елена Михајлова Стратилати, професорка по меѓународно право на Правниот факултет, Марта Гусар адвокатка и Љупка Љубиновска, претставничка од Министерство за труд и социјална политика, дадоа свој правен, психолошки и институционален аспект за дигиталното насилство но и за можните начини да се превенира и да се обезбеди соодветна заштита.

Се разговараше за тоа како дигиталната трансформација со својата „неутралност“ го натурализира и зајакнува дигиталното насилство, за спектарот на психолошките последици на жртвите на дигиталното насилство, за јазот помеѓу законите, институциите и правната одговорност, за имплементацијата на Истанбулската Конвенција и препознавањето на дигиталното насилство на институциите.

Студентите присутни на настанот активно се вклучија во дискусиите и отворија прашања со свои перспективи.