Go Back Go Back
Go Back Go Back

Донација на УНФПА Северна Македонија за помош на најранливите групи како одговор на Ковид-19

Донација на УНФПА Северна Македонија за помош на најранливите групи како одговор на Ковид-19

Вести

Донација на УНФПА Северна Македонија за помош на најранливите групи како одговор на Ковид-19

calendar_today 02 April 2020

UNFPA MK одговор на Ковид-19 – Донација на хигиенски пакети за Јавните здравствени установи – 2 април, Скопје Фото: Томислав Георгиев / UNFPA MK

Скопје, Северна Македонија – Канцеларијата на УНФПА Северна Македонија денеска донираше хигиенски средства за помош на жени, бремени жени и стари лица, како одговор на дефинираните потреби на здравствените установи во државата во врска со пандемијата од Ковид-19.

Донацијата, составена од 2.800 парчиња хигиенски средства, е доставена до Јавно здравствени установи во Скопје - Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Специјалната болница за гинекологија и акушерство – Чаир.

UNFPA MK одговор на Ковид-19 за жени, бремени жени и стари лица. Фото: Томислав Георгиев / UNFPA MK

Хигиенските пакети се за потребите на овие јавно-здравствени установи во насока на превенција на ширење на КОВИД-19, особено за жени, бремени жени, и стари лица. Помошта се состои од течен сапун за раце, шампон за коса/тело, дезинфекциско средство за раце, антибактериски марамчиња, самолепливи циклусни влошки, пелени за ворзасни, и тоалетна хартија.

“Ова е првична донација во одговорот против Ковид-19, а уште утре продолжуваме со втората донација наменета за заразените лица од Ковид-19 во општините Дебар и Центар Жупа”, изјави Афродита Шаља, шефицата на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија. Taa додава дека напорите на Канцеларијата ќе се фокусираат на пристап до сексуално и репродуктивно здравје и родово-базирано насилство, како и другите потреби на најранливите групи.

Приоритетите на УНФПА во одговорот на Ковид-19, на терен, се: Да се обезбеди пристап на жените и девојчињата до модерна контрацепција (доколку ја сакаат), да може да се породат безбедно и жртвите на родово-базирано насилство да добијат поддршка; Да се зајакнат здравствените системи; Да се обезбеди дека барем основните продукти се доставуваат без задршка, и Да им се помогне на луѓето и на заедниците да комуницираат за тоа како да се редуцираат ризиците од инфицирање со Ковид-19.

Донацијата се состои од 2.800 хигиенски производи за најранливите групи. Фото: Томислав Георгиев / UNFPA MK

УНФПА тесно ќе соработува со владите, СЗО и другите агенции што работат на заштита на здравјето, и националните партнери за да се овозможи пренесување на прилагодени информации за жените, вклучувајќи ги и оние коишто се во репродуктивна возраст, како и бремените жени, за спречување инфекција, како и за потенцијалните ризици и начинот на тоа како навреме да се бара здравствена грижа, како и за заштита од родово-базирано насилство.