Go Back Go Back
Go Back Go Back

Зајакнување на младинското учеството во Y-PEER

Зајакнување на младинското учеството во Y-PEER

Зајакнување на младинското учеството во Y-PEER

calendar_today 09 May 2016

Работни средби „Запознавање со младинската мрежа Y-PEER Македонија и зајакнување на младинското учество на мрежата на национално ниво“, со поддршка на канцеларијата на УНФПА.

На ден 9.5.2016 во просториите на Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА), младинската мрежа Y-PEER Македонија со своите членки оствари две средби за запознавање и зајакнување на младинското учество во рамки на мрежата на национално ниво. 
Целта на средбите беше да се презентираат: структурата, областите и начинот на делување, како и кои се идните планови насочени кон младинско учество на национално ниво. 

Првично присутните се запознаа со структурата и полето на работење на мрежата на национално и интернационално ниво. Главните заклучоци од работните средби беа насочени кон зголемување на младинското учество со акцент на национални процеси, како и партиципативноста на младите во процесите креирање и донесување одлуки поврзани со младински политики.

Поврзана содржина