Go Back Go Back
Go Back Go Back

Зајакнување на улогата на младите во промоција на меѓусебно разбирање и почитување на различностите во регионот

Зајакнување на улогата на младите во промоција на меѓусебно разбирање и почитување на различностите во регионот

Вести

Зајакнување на улогата на младите во промоција на меѓусебно разбирање и почитување на различностите во регионот

calendar_today 15 February 2023

Младите за инклузија, еднаквост и доверба во Сараево. Фотографија: УНФПА
Младите за инклузија, еднаквост и доверба. Фотографија: УНФПА

Сараево, 15 февруари – Дводневната работилница во рамки на проектот „Зајакнување на улогата на младите во промовирање на зголемено меѓусебно разбирање, конструктивен наратив, почитување на различностите и доверба во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Северна Македонија, Србија и Косово1“ денеска заврши во Сараево, БиХ.

Работилницата имаше за цел да ги прикаже добрите практики и да ги нагласи достигнувањата поврзани со спроведените активности во 2022 година. Покрај тоа, работилницата послужи и како платформа за знаења и планирање на претстојните проектни активности. Учесниците имаа можност да споделат информации во врска со имплементацијата на проектот и да дискутираат за различните аспекти од управувањето со проектот и известувањето за проектот. За време на техничката работилница, беа идентификувани регионални синергии и беа дизајнирани регионални активности што треба да се спроведат на регионално ниво со вклучување на сите агенции на ОН кои учествуваат во соодветните земји и територии.



Фотографија: УНФПА 

Дополнително, денеска се одржа и состанок на Управувачкиот комитет на кој се дискутираше за клучните резултати и патот кон спроведување на овој регионален проект за млади на ООН.

*Сите референци за Косово ќе се сметаат дека се во контекст на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност (1999).