Сараево, 15 февруари – Дводневната работилница во рамки на проектот „Зајакнување на улогата на младите во промовирање на зголемено меѓусебно разбирање, конструктивен наратив, почитување на различностите и доверба во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Северна Македонија, Србија и Косово1“ денеска заврши во Сараево, БиХ.
Работилницата имаше за цел да ги прикаже добрите практики и да ги нагласи достигнувањата поврзани со спроведените активности во 2022 година. Покрај тоа, работилницата послужи и како платформа за знаења и планирање на претстојните проектни активности. Учесниците имаа можност да споделат информации во врска со имплементацијата на проектот и да дискутираат за различните аспекти од управувањето со проектот и известувањето за проектот. За време на техничката работилница, беа идентификувани регионални синергии и беа дизајнирани регионални активности што треба да се спроведат на регионално ниво со вклучување на сите агенции на ОН кои учествуваат во соодветните земји и територии.
Фотографија: УНФПА
Дополнително, денеска се одржа и состанок на Управувачкиот комитет на кој се дискутираше за клучните резултати и патот кон спроведување на овој регионален проект за млади на ООН.
*Сите референци за Косово ќе се сметаат дека се во контекст на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност (1999).