Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА: Изборот да се одреди дали, кога и колку деца ќе се има, може да го зајакне економскиот и социјалниот развој

УНФПА: Изборот да се одреди дали, кога и колку деца ќе се има, може да го зајакне економскиот и социјалниот развој

Соопштение за јавност

УНФПА: Изборот да се одреди дали, кога и колку деца ќе се има, може да го зајакне економскиот и социјалниот развој

calendar_today 17 October 2018

 

Обединети нации, Њујорк, 17 октомври  – Денес, во светот, се повеќе луѓе имаат право на избор за тоа кога и колку деца ќе имаат. Големината на семејството е тесно поврзана со репродуктивните права, кои пак, се поврзани со многу други права, вклучувајќи го и правото на соодветно здравје, образование и работни места. Ова се наведува во Извештајот за Состојбата на светското население за 2018 година што денеска го објави УНФПА - Агенција на Обединетите нации за сексуално и репродуктивно здравје.

 

Глобалниот тренд на формирање семејства покажува дека луѓето прават репродуктивен избор за тоа кога и колку деца сакаат да имаат. Во случај кога луѓето немаат избор, тоа може да има долгорочно влијание врз стапките на фертилитет коишто, пак, честопати се повисоки или пониски од она што повеќето луѓе го посакуваат.

 

Луѓето имаат тенденција да напредуваат онаму каде што можат да ги остварат своите права. Од друга страна, како што се наведува во Извештајот со наслов „Моќта на изборот: Репродуктивните права и демографската транзиција“ (“The Power of Choice: Reproductive Rights and the Demographic Transition“), онаму каде што овие права се нарушени, тие често не успеваат да го постигнат својот целосен потенцијал притоа спречувајќи го економскиот и социјалниот напредок на општеството.

 

„Изборот може да го смени светот“, наведува извршната директорка на УНФПА, д-р Наталија Канем, во предговорот на Извештајот. „Тој може брзо да ја подобри благосостојбата на жените и девојките, да ги трансформира семејствата и да го забрза глобалниот развој“.

Кога жената има моќ и средства, на пример, да ја превенира или одложи бременоста, таа има поголема контрола врз своето здравје и може да учествува и да се одржи на пазарот на труд и да го реализира својот целосен економски потенцијал.

 

Во Извештајот се констатира дека нема држава која може да каже оти сите нејзини граѓани, во секое време, ги уживаат репродуктивните права. Повеќето парови не може да имаат онолку деца колку што сакаат поради тоа што или немаат доволно економска и социјална поддршка за да ја постигнат посакуваната големина на семејството или немаат доволно средства за контрола на фертилитетот.

 

Репродуктивното здравје и права во светот значително се подобрија по одржувањето на Меѓународната конференција за население и развој во 1994 година. Луѓето имаат повеќе информации за нивните репродуктивни права и избор како и поголем капацитет да ги бараат своите права. Историската транзиција кон понизок фертилитет“, се наведува во Извештајот, се случува преку луѓе кои бараат право на избор за нивниот репродуктивен живот, и за тоа дали, кога и колку деца ќе имаат“.

 

Извештајот ги класифицира државите во светот согласно актуелната динамика на фертилитет на нивното население и дава конкретни препораки за политиките и програмите што ќе и помогнат на секоја држава со цел да се зголеми репродуктивниот избор.

 

Според Извештајот, за слободата на избор да стане реалност, државите треба да дадат приоритет на универзалниот пристап до квалитетна репродуктивна здравствена заштита, вклучително модерната контрацепција; да обезбедат подобро образование, вклучувајќи го и сеопфатното сексуално образование соодветно на возраста; да се залагаат за промена на ставовите кај мажите во поддршка на правата и аспирациите на жените и девојките; и да им се овозможи на паровите, доколку сакаат, да имаат повеќе деца, со тоа што ќе имаат баланс меѓу работата и приватниот живот преку одредени мерки, како што е достапна грижа за децата.

 

Патот напред е целосната реализација на репродуктивните права, за секој поединец и секој пар, без разлика каде и како живеат или колку заработуваат“, вели д-р Канем. „Ова вклучува отстранување на сите бариери што го попречуваат слободниот и информиран избор - без оглед на тоа дали станува збор за економски, социјални или институционални пречки“.

 

***

 

УНФПА е водечка Агенција на Обединетите нации за создавање на свет каде секоја бременост е посакувана, секое породување е безбедно и потенцијалот на секој млад човек е исполнет.

УНФПА поддржува милиони жени и млади луѓе во 155 држави и територии во светот.

 

 

За повеќе информации Ве молиме контактирајте ги:

Omar Gharzeddine (Омар Гарзедин):

Тел.: +1 212 297 5028gharzeddine@unfpa.org; или

Richard Kollodge (Ричард Колоџ):

Тел.: +1 212 297 4992kollodge@unfpa.org

 

Извештајот може да го преземете на следниов линк:

https://www.unfpa.org/swop

Следете ја УНФПА на TwitterFacebook и Instagram

 

 

 

 

Поврзана содржина