Go Back Go Back
Go Back Go Back

Изработен и презентиран мултиинституционален модел за прибирање податоци за родово базирано насилство

Изработен и презентиран мултиинституционален модел за прибирање податоци за родово базирано насилство

Вести

Изработен и презентиран мултиинституционален модел за прибирање податоци за родово базирано насилство

calendar_today 13 February 2023

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Фотографијата е сопственост на Министерството за Труд и Социјална
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска го презентира Моделот за собирање на податоци за РБН. Фотографија: МТСП на РСМ

Скопје, 15 февруари - Моделот на интегрирано прибирање на податоци и анализа на податоците за родово базирано насилство и семејно насилство денеска во Скопје беше презентиран од страна на Министерството за труд и социјална политика, што беше изработен во соработка со УНФПА Северна Македонија и Британската Амбасада во Скопје.

Презентацијата ја спроведе министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на средбата со Националното Координативно тело за имплементација на Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, Мисијата на ОБСЕ Скопје и претставници на граѓански здруженија.



Фотографија: МТСП на Северна Македонија

 

Моделот претставува интегриран мултиинституционален систем за прибирање на податоци кој ќе постави систематски и стандардизиран метод на управување со податоци. Моделот ќе вклучува податоци поврзани со регистарот на услуги достапни во државата, случаи на насилство и останати релевантни податоци поврзани со родовото базирано насилство на државно ниво. Овој Модел е од исклучително значење бидејќи за прв пат во државата сите меѓуинституционални податоци поврзани со родовото базирано насилство ќе бидат интегрирани на едно место.