Go Back Go Back
Go Back Go Back

Конференција на Здружението на гинеколози и Здружението за ХПВ

Конференција на Здружението на гинеколози и Здружението за ХПВ

Вести

Конференција на Здружението на гинеколози и Здружението за ХПВ

calendar_today 10 March 2017

Во рамките на редовните активности за двете здруженија за зачувување на здравјето на жената неодамна се одржа конференција на која беа застапени темите поврзани со превенција на ракот на грлото на матката, како и употребата на хербални лекови во борбата против болеста.
 
 
Конференцијата во својство на домаќин ја отвори Доц. Др. Горан Димитров, доцент доктор на Клиниката за гинекологија и акушерство, Шеф на катедрата за гинекологија и акушерство при Медицинки факултет во Скопје, претседател на Македонско лекарско друштво и претседател на Здружението за ХПВ во земјава.
Тематско предавање на темата „Модерни стратегии за скрининг на Цервикален канцер“ одржа Др. Даниела Иванов Панова, Гинеколог-акушер во кое беше презентирана сегашната и идната соработка со Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) со Министерството за здравство и стручните здруженија која предвидува зајакнување на капацитетите на гинеколозите во земјава преку меѓународна сертифицирана обука за колпоскопија.
 
Меѓународната обуката ја спроведува Меѓународната федерација за цервикална патологија и колпоскопија (IFCPC), а истата е подржана од УНФПА. Доц. Др. Горан Димитров е првиот сертифициран мастер обучувач за колпоскопија во Македонија, а во текот на 2017 предвидена е обука за уште 6 гинеколози.
Од особено значење за земјата е дека со предвидените обуки за колпоскопија се стандардизира квалитетот на докторите гинеколози при вршење на оваа здравствена услуга, а со тоа и поефикасна превенција на карциномот на грлото на матката, како еден од ретките карциноми кои може да се превенира Ове е една од неколкуте активност што УНФПА ги поддржува, вклучително и адаптацијата на упатсвото за превенција и детекција на грлото на матката.
 
На конференцијата учествуваа над 100 тина медицински работници од земјава, меѓу кои гинеколози, миробиолози, патолози и фармацевти од земјава. Една од клучните пораки од средбата до сите жени во репродуктивен период, особено до младите е најмалку еднаш на три години да се прави тестирање ХПВ или барем еден ПАП тест. Со оваа превентивна мерка ќе се намали појавата на инвазивни форми на рак на грлото на матката.