Go Back Go Back
Go Back Go Back

ЛИДЕРИ ВО РЕГИОНОТ ВО ПРЕПОЗНАВАЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕТО НА МУЛТИ-СЕКТОРСКИОТ ОДГОВОР КОН РОДОВО-БАЗИРАНОТО НАСИЛСТВО КАКО КЛУЧНА АЛКА ВО НЕГОВАТА ЕЛИМИНАЦИЈА

calendar_today 26 May 2016

Мулти-секторскиот одговор кон родово базираното насилство во основа овозможува ефикасен координиран институционален пристап во случаите на родово базирано насилство, а со тоа жените и девојчињата, кои во најголем број се жртви на насилство во различни опкружувања, да добијат навремена и соодветна помош и поддршка.

Министерството за здравство со поддршка од Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации во Скопје (УНФПА) успешно го предводеше партиципативниот процес на креирање на стандардната оперативна процедура за мулти-секторски одговор на родово базираното насилство во услови на хуманитарна криза. Денес овој документ се презентираше пред претставници на регионалната канцеларија на УНФПА за Источна европа и централна азија и Источно европскиот институт за репродуктивно здравје, како добра практика, како и вовед во координација за идните активности поврзани со ова прашање во мирнодопски услови согласно меѓународните стандарди. 
Мулти-секторскиот одговор кон родово базираното насилство во основа овозможува ефикасен координиран институционален пристап во случаите на родово базирано насилство, а со тоа жените и девојчињата, кои во најголем број се жртви на насилство во различни опкружувања, да добијат навремена и соодветна помош и поддршка. 
Стандардната оперативна процедура беше финализирана во почетокот на 2016 година, како резултат на континуираните заеднички напори на Министерството за здравство и УНФПА за унапредување на одговорот на хуманитарната мигранстка/бегалска криза. Мулти-секторскиот одговор кон родово базираното насилство предвидува „Основен пакет на услуги“, кој соджи: (1) основни здравствени услуги, (2) основни правни и полициски услуги, (3) основни социјални услуги и (4) основни активности за координација. 
Земјава е е прва во Европа која ја подготви стандардната оперативна процедура за одговор кон родово – базирано насилство во услови на хуманитарна криза. Партиципативниот процес уште еднаш потврди дека само таков пристап обезбедува квалитетен резултат. 
Координацијата на релевантните институции кои обезбедуваат услуги од областа на здравството, правото и полицијата, како и социјалните сервиси, ќе придонесе во намалувањето на последиците од насилството врз жените и девојчињата, а воедно и кон спречување на повторно насилство. 
Основниот пакет на услуги за мултисекторски одговор кон родово – базирано насилство за кој денеска се дискутира на работен состанок во Скопје, е усогласен и произлегува од заклучоците на Комисијата за Статусот на Жените на Обединетите Нации за елиминација и превенција на сите форми на насилство против жени во 2013 година.