Серија работилници за млади на различни теми, вклучително и за младинско учество, еднаквост, доверба, култура, интеркултурен дијалог, борба против стереотипи и предрасуди, нови знаење и можности за младите, се одржаа во изминатиот период во Гостивар, Струга, Охрид, Велес и Битола.
„Градиме мир без стереотипи, предрасуди и дискриминација“, „Бура за култура: Работилница за интеркултурен дијалог“, „Градење активистички дух – од млади за млади“, „Битола без стереотипи, предрасуди и дискриминација“, „Youth in motion: Работилница за младинско учество“, „GEN Z за поттикнување интеркултурен дијалог и препознавање на бариерите кои го спречуваат“ и „Beyond Labels: Работилница за предрасуди, стереотипи, дискриминација и булинг“ се насловите на работилниците што се одржаа во овие општини.
Младите, преку интерактивни активности, тимски вежби и дискусии, говореа и за неформалното образование и подигнување на свеста за идентитетите, истражуваа бариери за интеркултурен дијалог, различните можности за различните групи во заедниците како и можностите на младите за креирање промени во заедниците.
Обуките се дел од регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, што го спроведува Фондот за население на Обединетите нации-УНФПА, во партнерство со Младинскиот образовен форум.