Go Back Go Back
Go Back Go Back

Моето тело, мојот живот, мојот свет! - сосема нов извик на SDG-генерацијата

Моето тело, мојот живот, мојот свет! - сосема нов извик на SDG-генерацијата

Соопштение за јавност

Моето тело, мојот живот, мојот свет! - сосема нов извик на SDG-генерацијата

calendar_today 12 August 2019

Извршната директорка на УНФПА, д-р Наталија Канем

ЊУЈОРК, Обединети Нации -  Почнувајќи од своите заедници, па сѐ до своите главни градови, младите луѓе насекаде ги бараат своите права, како што и беше потврдено пред 25 години на Меѓународната конференција за население и развој (ИЦПД) во Каиро. Во последните децении, ние во УНФПА придружувавме безброј млади луѓе на нивниот пат од адолесценцијата до зрелоста, се наведува во изјавата на извршната директорка на УНФПА, д-р Наталија Канем, за Меѓународниот ден на малдите, 12 Август.

Со цел да ја реафирмираме нашата заложба да им помагаме на младите луѓе во реализирање на  нивниот целосен потенцијал во животот, денес ќе ја објавиме новата стратегија за младите, Моето тело, мојот живот, мојот свет!  Оваа стратегија ги става нивните потреби, аспирации и идеали како суштински дел од нашата работа за да даде поддршка во постигнувањето на целите за одржлив развој и агендата на ИЦПД до 2030 година.

Стратегијата Моето тело, мојот живот, мојот свет! се заснова на она што го научивме за младите луѓе од младите, во децениите на изработка на програми со нив и за нив. Заеднички креирана со илјадници младински активисти и застапници ширум светот, стратегијата е усогласена со Млади 2030, односно со пошироките напори на Обединетите нации за заштита на здравјето и правата на младите луѓе со цел тие да зајакнат, за да можат да ја моделираат својата иднина и да учествуваат во развојот на своите земји.

Кога младите во светот се опремени со вистински информации и подготовки, тие имаат потенцијал да бидат предводници на позитивни промени во светот. Тој потенцијал може да се реализира само доколку се тие здрави, образовани и имаат контрола врз сопствените тела и животи. Ние во УНФПА работиме заедно со владите, граѓанското општество и партнерите во развој, но, пред сè, со младите, со цел да им обезбедиме знаење и моќ тие да направат вистински избори и да земат учество како активни граѓани.

На Меѓународната конференција за население и развој во 1994 година владите се согласија да ги задоволат посебните потреби на адолесцентите и младите, особено на младите жени, за пристап до образование, здравство, советување и висококвалитетни услуги за репродуктивното здравје. Ова ветување го одржавме за некои од нив, но не за сите.

Оваа година во ноември УНФПА, Данска и Кенија ќе го свикаат Самитот ICPD25 во Наироби на којшто шефовите на држави и други највисоки владини претставници ќе ја искористат можноста одново да се заложат за реализација на визијата на ИЦПД за еден свет во кој сите, вклучително и младите, ќе имаат пристап до информации и услуги за сексуалното и репродуктивното здравје. Младите ќе бидат на прво место и ќе имаат централна улога на Самитот, споделувајќи ги своите надежи и гледишта, и ќе дадат придонес со своите идеи, лидерство, со својата енергија и креативност под знамето на Моето тело, мојот живот, мојот свет!

На овој Меѓународен ден на младите ги повикувам владите во светот да ги одржат ветувањата што им ги дадоа на жените и младите пред 25 години. Придружете ни се на маршот до Наироби! За заедно да направиме правата и изборот конечно да станат реалност за сите млади луѓе.

Поврзана содржина