Скопје, 16 јули 2020 година - Фондот за население на Обединетите нации во Северна Македонија и британската амбасада во Скопје почнаа ново партнерство за поддршка на жртвите на родово базирано насилство за време на пандемијата со Ковид-19.
Соработката се однесува на зајакнување на превенцијата и справувањето со родово базирано насилство за време на пандемијата со Ковид-19 на општинско ниво, преку застапување со партнери, зајакнување на капацитетите на два згржувачки центри, здравствени, психолошки, социјални и полициски даватели на услуги и зголемување на свеста и услугите за преживеаните жртви на родово базирано насилство.
Проектот, со наслов „Безбедни услуги за поддршка на преживеаните жртви на родово базирано насилство за време на пандемијата со Ковид-19“ е креиран да допре до жените и да ги зајакне услугите, притоа одржувајќи го потребното социјално дистанцирање за да се спречи натамошно ширење на Ковид-19, за да се намали ризикот за корисниците на проектот и персоналот.
За таа цел, УНФПА ги насочи своите приоритети кон дигиталните алатки и ги усогласи сите проектни активности со препораките за спречување на Ковид-19 на СЗО. Онаму каде што не може да се спречи социјална интеракција, персоналот и корисниците на проектот ќе имаат пристап до лична заштитна опрема, како што се ракавици, маски и штитови за лице.
Трите клучни активности - застапување, зајакнување на услугите и напорите за комуникација, ќе се извршат преку онлајн дигитални платформи.