You are here

Експертската работна група од областа на сексуалното и репродуктивното здравје од земјава, под раководство на Министерството за здравство и во партнерство со УНФПА, успешно ги започна консултациите за проценка, ситуациона анализа и ревизија на постоечката „Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје (2010-2020)“.

Целта на овој процес е усогласување на оваа стратегија со низа глобални и регионални инцијативи, како, одржливите развојни цели на ОН, стратегијата “Здравје 2020“, Европскиот акциски план на СЗО за сексуално и репродуктивно здравје и права 2017-2021, и исполнување на препораките на земјата кон меѓународните конвенции кои се однесуваат на човековите права. 

Над 25 експерти од различни области поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје ќе работат во тим предводен од Проф. Д-р Михаи Хорга од Источно-европскиот институт за репродуктивно здравје од Романија, како надворешен консултант на УНФПА. Оваа мултисекторска група е составена од преставници на институциите, граѓанскиот сектор во нашата земја, млади луѓе, како и претставници на меѓународни организации. Нивните задачи предвидуваат утврдување на областите, клучните прашања и идните чекори околу процесот од кој се очекуваат насоки и препораки за подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје на граѓаните на Македонија во периодот до 2020 година. 
Експертските тимови се очекува задачата да ја финализираат до крајот на годината, со изработката на Акциски план кој ќе се основа на препораките од проценката.