Go Back Go Back
Go Back Go Back

Презентирање на резултатите на УНФПА за заштита и превенција на родово базирано и семејно насилство

Презентирање на резултатите на УНФПА за заштита и превенција на родово базирано и семејно насилство

Вести

Презентирање на резултатите на УНФПА за заштита и превенција на родово базирано и семејно насилство

calendar_today 17 July 2023

Презентирање на резултатите на УНФПА за заштита и превенција на родово базирано и семејно насилство.
Презентирање на резултатите на УНФПА за заштита и превенција на родово базирано и семејно насилство. Фото: УНФПА Северна Македонија

Скопје, 17 јули  Денеска во Скопје во рамките на настанот „Има помош за живот без насилство“ – Инвестирање во родовата еднаквост денес е инвестиција во заедничката иднина – се одржа презентација на достигнувањата во областа на заштитата и превенцијата на родово базираното и семејното насилство, во присуство на приближно 120 претставници на национални институции, невладини организации, дипломатски претставништва, агенции на ОН и медиуми.

 

Со настанот се одбележа Светскиот ден на населението – 11 јули и постигнатите резултати во рамките на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија“, што го спроведува Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и финансиска поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Скопје.

 

„Нашата цел не е само да обезбедиме привремен прекин на насилството, туку да изградиме иднина во која насилството е незамислив концепт. За тоа се потребни заеднички заложби на институциите, граѓанското општество, приватниот сектор и на поединците како нас“, изјави Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на Република Северна Македонија.

 

„Насилството врз жените и семејното насилство повеќе не се приватна работа и затоа државата гради сеопфатни и интегрирани политики, со кои се спречува насилството, жртвите се заштитуваат од насилство и се охрабруваат за понатамошен независен живот“, изјави Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

 

„Унапредувањето на родовата еднаквост не е само вистинскиот чекор што треба да се преземе – тоа е политика од која сите имаат корист“. Поголемата родова еднаквост е основа на здравите демократии“, изјави Џулија Смит, заменик-амбасадор на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија.

 

„Светскиот ден на населението е потсетник дека во свет со 8 милијарди луѓе, ние можеме да постигнеме просперитетна, мирна и одржлива иднина за секого. На овој ден, се навраќаме на разговорите и на заложбите за зајакнување на жените и на девојките, со цел уживање еднакви права и избор во свет каде што живеат 8 милијарди луѓе“, изјави Афродита Шаља, шефица на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија.