Go Back Go Back
Go Back Go Back

Самитот во Најроби за ICPD25 постави јасни насоки кон трансформација на светот за жените и девојчињата

Самитот во Најроби за ICPD25 постави јасни насоки кон трансформација на светот за жените и девојчињата

Вести

Самитот во Најроби за ICPD25 постави јасни насоки кон трансформација на светот за жените и девојчињата

calendar_today 14 November 2019

Самитот во Најроби, во организација на УНФПА, Владата на Данска и Владата на Кенија, мобилизираше околу 1,200 заложби од официјални претставници на над 170 држави. Фото: UNFPA

Најроби, 14 ноември 2019 - Самитот во Најроби за ICPD25, што се одржуваше од 12 до 14 ноември 2019 година во кенијскиот главен град, заврши со силни заложби на партнерите да го трансформираат светот преку ставање крај на мајчината смртност, незадоволената потреба за планирање на семејството и родово-базираното насилство и штетните пракси против жените и девојчињата до 2030 година.

 

“Самитот во Најроби презентираше возобновена, засилена визија и заедничка соработка со заедниците да делуваат и да испорачаат. Заедно, ќе ги направиме наредните 10 години период на акција и резултати за жените и девојчињата, задржувајќи ги нивните права и избор во центарот на се што правиме“, изјави извршната директорка на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, д-р Наталија Канем.

 

Самитот, во организација на УНФПА, Владата на Данска и Владата на Кенија, мобилизираше околу 1,200 заложби од официјални претставници на над 170 држави. Преку 9,500 делегати од целиот свет учествуваа на овој настан и се заложија за завршување на агендата на Акциската програма на ICPD.

 

Делегацијата на Република Северна Македонија, што ја покани и ја поддржа УНФПА, учествуваше на Самитот каде ги презентираше и силно ја зајакна посветеноста на државата кон Целите на ICPD и Агендата 2030.

Делегација на Република Северна Македонија на Самитот во Најроби Фото:UNFPA MK

 

Делегацијата ја сочинуваа Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на Претседателот на РСМ, Јованка Тренчевска државна секретарка во Министерството за труд и социјална политика, Цветанка Иванова генерална секретарка на Собранието на РСМ, Лилјана Поповска и Јагода Шахпанска, пратенички во Собранието на РСМ, Бојана Атанасова, шефица на Кабинетот во Министерството за здравство, Ана Данева Маркова, претседателка на Комитетот за мајчино здравје при Министерството за здравство, Глигор Тофоски, претстедател на Здружението на гинеколози, Кристијан Ристески претседател на младинската Y-PEER мрежа, Елизабета Божиноска претставничка на Здружението ХЕРА, Златко Шумковски, уредник во новинската агенција МИА, Несиме Салиоска, членка на Меѓународниот комитет на Самитот, како и Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА во Скопје.

 

“Владата на Република Северна Македонија ќе се заложи за намалување на незадоволената потреба за семејно планирање на 10 проценти до 2030 година, особено за младите, преку обезбедување на најмалку три вида современи контрацептивни средства кои ќе бидат дел од националното здравствено осигурување и зголемување на средствата од националниот буџет за обезбедување функционални услуги за сексуалното и репродуктивното здравје, по мерка на младите", е една од 14-те заложби што ги презентираше Јована Тренчевска. Владата на РСМ ги усвои сите 14 заложби коишто се од различни приоритетни области и се донесени со широк консултативен процес на засегнатите страни.

 

Државната секретарка во Министерството за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ги презентира усвоените заложби на Владата на РСМ - Фото:UNFPA

 

Сопругата на Претседателот имаше посебно излагање на сесијата за Репродуктивно и сексуално здравје кај жените и родовата еднаквост.

„Репродуктивното здравје, зајакнувањето на жените и родовата еднаквост се патот за одржлив развој. Мојата земја е посветена кон заложбите и идеите на #ICPD и беше една од потпретседавачите на Конференцијата во 1994 година“, изјави Елизабета Ѓоргиевска.

 

Таа посочи дека првата Национална стратегија за Сексуално и репродуктивно здравје беше развиена во 2010 година со времетраење од 10 години, и оти нејзиното вистинско спроведување започна со усвојување на Акциониот план за СРЗ во 2018 година.

 

“Ова беше најголем чекор во препознавањето на значењето на човековите права, поточно сексуалните и репродуктивните права“, изјави Ѓоргиевска.

Сопругата на претседателот на РСМ со свое излагање за репродуктивното и сексуално здравје на жените и родовата еднаквост - Фото: UNFPA

 

Останатите членови на националната делегација исто така имаа свои презентации, излагања и активно учество со што видно ја истакнаа заложбата на Република Северна Македонија во спроведување на целите и напредокот кон Агендата 2030 на ОН.

 

„Самитот во Најроби во врска со ICPD25 e огромен успех“, истакна генералниот директор на Националниот совет за население и развој на Кенија, д-р Жозефин Кибару-Мбае. „Меѓутоа, тоа e само почеток. Заминуваме од Најроби со јасна рамка на активности што сите мора да ги преземеме за да ја унапредиме агендата на ICPD и да го трансформираме светот за жените и девојките“.

Самитот се отвори со објавување на новите истражувања кои ја покажуваат цената за постигнувањето на „три трансформативни резултати“ - нула смртност кај мајките, нула незадоволена потреба за планирање на семејството и нула родово-базирано насилство и штетни практики - во текот на наредните 10 години. Во согласност со анализата на УНФПА и универзитетот „Џонс Хопкинс“, во соработка со универзитетот Викторија, универзитетот во Вашингтон и „Avenir Health“, вкупната цена што човештвото треба да ја плати би изнесувала 264 милијарди долари.

Присутните на Самитот ги истакнаа посебните и конкретните обврски што треба да се спроведат со цел да му помогнат на светот да ги достигне овие амбициозни, но остварливи цели. Беа направени заложби од влади, граѓански здруженија, младински групи, религиозни организации, претставници од академската фела и многу други.

Владите, вклучувајќи ги Австрија, Канада, Данска, Финска, Франција, Германија, Исланд, Италија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија, заедно со Европската комисија, се обврзаа да обезбедат поддршка од околу една милијарда американски долари. Исто така, се вклучи и приватниот сектор: Инвестицискиот фонд за деца (CIF), Фондацијата Форд, Johnson & Johnson, Philips, World Vision и голем број други организации најавија дека ќе мобилизираат околу 8 милијарди американски долари комбинирани во нови донации.

„ICPD50 нема да се одржи. Жените и девојките ширум светот чекаа доволно долго за да се стекнат со права и избор“, истакна амбасадорот Иб Петерсен, специјалниот претставник на Данска на ICPD25. „Гледајќи кон 2030 година, сега влегуваме во деценија каде што треба да го испорачаме она за кое што се залагавме. Во рамките на оваа деценија ќе треба да се фатиме за работа и сите да ја преземеме одговорноста за заложбите што ги направивме во Најроби“.

Поврзана содржина