Министерството за здравство со подршка на УНФПА канцеларијата во Скопје, има за цел преку процеси на консултирање на сите релевантни фактори, да ги унапреди политиките и состојбите во областа на сексуалното и репродуктивното здравје.
Во април е оддржана првата средба на експертската група која што работи на ревидирање и унифицирање на алатките за собирање на податоци за рак на грлото на матката за жените кои што се дел од програмата за скрининг за оваа болест. Со новиот начин на прибирање на податоци за рак на грлото на матката ќе се овозможи континуирано следење на жените кои што се дел од оваа програма, односно да се има прецизни податоци колку случаи се регистрирани и кои услуги и каков третман добиле тие.
Овој процес ќе помогне да се подобри самиот процес за скрининг на рак на грлото на матката, да се намали смртноста од овој вид на рак кај жените и генерално да се подобрат државните политики во оваа област.