Go Back Go Back
Go Back Go Back

Состојба на светското население во 2017 година

Состојба на светското население во 2017 година

Соопштение за јавност

Состојба на светското население во 2017 година

calendar_today 17 October 2017

Последиците од нееднаквоста, вклучувајќи ја и нееднаквоста во и сексуалното и репродуктивното здравје и права, може да влијаат и врз целите за развој на глобалната заедница, се наведува во најновиот извештај на УНФПА, со наслов „Два различни света: репродуктивното здравје и права во време на нееднаквост“.

Неуспехот да се обезбедат услуги за репродуктивно здравје на најсиромашните жени, вклучувајќи и планирање на семејството, може да ги ослабне економиите и да го поткопа напредокот кон најважната цел за одржлив развој, искоренување? на сиромаштијата.

Во светски рамки, немањето пристап до репродуктивно здравје и права, ја зацрвстува економската нееднаквост и ги зацврстува другите нееднаквости, вклучувајќи ја и нееднаквоста во здравјето на жените, при што само малку привилегирани жени се во состојба да ја контролираат својата фертилност, па така и да стекнат вештини, да влезат во платената работна сила и да добијат економска моќ.

„Нееднаквоста во земјите денес не се однесува само на оние што имаат и оние што немаат“, вели извршниот директор на УНФПА, д-р Наталија Канем. „Нееднаквоста сé повеќе се однесува на оние што можат и оние што не можат. Сиромашните жени кои немаат средства да донесат сопствена одлука за големината на семејството, или кои се во лоша здравствена состојба поради несоодветната заштита на репродуктивното здравје, доминираат во редовите на оние што не можат“.

Недостатокот на пристап до соодветни услуги како на пример, финансиски достапна грижа за децата, исто така, ги спречува жените да бараат работа надвор од домот. Кај жените вклучени во работната сила, отсуството на платено породилно отсуство и дискриминацијата на работодавачите во однос на бремените жени доведува до казнување на мајчинството, принудувајќи многу жени да избираат меѓу кариерата и родителството.

swop_skopje_2017
На промоцијата на извештајот во Скопје, д-р Дојна Болога, Директорка на канцеларијата на УНФПА, истакна „Неопходно во решавањето на економската нееднаквост е всушност решавањето на другите нееднаквости, како што се зголемување на пристапот до модерни средства за планирање на семејство, соодветна антенатална заштита за сите жени, како и преку уривање на социјалните, институционалните и другите пречки што ги спречуваат жените да го остварат својот целосен потенцијал“.

Еден од проблемите кој што сеуште постои во нашата земја, а кој што е резултат на нееднаквоста на различни нивоа, се детските бракови. Токму за тоа Несиме Салиоска, Извршна директорка на организацијата РОМА С.О.С. посочи :„Еден од првите чекори за справување на проблемот со детските бракови е менување на законската рамка, односно превенција на истите да бидат склучени. Покрај тоа и сите други институции, социјалните, образовните, но и целата заедница да се вклучи во препознавање на проблемот и негово евидентирање односно следење. Последиците од оваа појава не се однесуваат само на младите индивидуи, кои се во тој брак, туку тие се пренесуваат и на целата заедница.“

Во извештајот на УНФПА се препорачува фокусирање на “најпоследниот зад првиот”, во согласност со планот на Обединетите нации за постигнување одржлив развој и инклузивни општества до 2030 година. Со Агендата за одржлив развој до 2030-та „се предвидува подобра иднина, каде сите заедно ќе ги урнеме бариерите и ќе ги поправиме разликите“, се наведува во извештајот. „Целта треба да биде намалување на сите нееднаквости. Најсилниот придонес може да дојде од остварувањето н а репродуктивните права на жените.“

 

 

Поврзана содржина