Go Back Go Back
Go Back Go Back

Според новиот извештај на УНФПА, светот мора да вложи напори за да обезбеди сексуални и репродуктивни права за сите

Според новиот извештај на УНФПА, светот мора да вложи напори за да обезбеди сексуални и репродуктивни права за сите

Соопштение за јавност

Според новиот извештај на УНФПА, светот мора да вложи напори за да обезбеди сексуални и репродуктивни права за сите

calendar_today 10 April 2019

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, ЊујоркГлобалното движење за репродуктивните права, кое почна во 1960-тите години, им го промени животот на стотици милиони жени, притоа овозможувајќи им да ја креираат и да управуваат со својата сопствена иднина. Меѓутоа, и покрај остварувањата во изминатите 50 години, од формирањето на УНФПА, Агенција на Обединетите нации за сексуално и репродуктивно здравје, светот мора да вложи уште поголеми напори за да се обезбедат права и избори за сите, во согласност со Состојбата на светското население за 2019 година што денеска ја објави УНФПА.

Во текот на процесот на остварување на правата и изборот, жените и девојките постојано се соочуваат со социјални и економски бариери. Коалицијата на граѓанско општество, голем број активисти и организации, како што е УНФПА, помагаат во уривање на овие бариери.

Според извештајот на УНФПА, напорите на движењата за репродуктивни права драматично го намалија бројот на несакани бремености и смртни случаи кај мајките и придонесоа да се овозможи поздрав и попродуктивен живот за останатите жени.

На годишнините на двете значајни движења, преку извештајот на УНФПА се следи напредокот во заштитата на репродуктивното здравје. Поминаа 50 години откако УНФПА во 1969 година почна со работа како прва агенција на Обединетите нации за решавање на растот на населението и потребите за репродуктивно здравје. И Меѓународната конференција за население и развој (ИЦПД) оваа година одбележува 25 години од своето одржување кога во  1994 година 179 влади укажаа на тоа дека сите луѓе треба да имаат пристап до сеопфатна репродуктивна здравствена заштита, вклучително доброволно планирање на семејството и безбедни услуги за бременост и породување.

Според извештајот, од 1969 година па сè до денес се постигна голем напредок. Во 1969 година просечниот број раѓања по жена изнесуваше 4,8, во споредба со 2,9 во 1994 година и 2,5 во 2019 година. Стапката на фертилитет во најмалку развиените земји се намали од 6,8 во 1969 година на 5,6 во 1994 година и 3,9 во 2019 година, додека, пак, бројот на жени кои починале од компликации во текот на бременоста се намалил од 369 починати од вкупно 100.000 новороденчиња во 1994 година на 216 починати во 2015 година. Покрај тоа, во 1969 година 24 % од жените користеле современи контрацептивни методи, во споредба со 52 % во 1994 година и 58 % во 2019 година.

Сепак, репродуктивните права сè уште се недостапни за повеќето жени, вклучувајќи над 200 милиони жени кои сакаат да спречат бременост, но немаат пристап до информации и услуги за современи контрацептивни методи.

„И покрај зголемената достапност на контрацепција во текот на годините, стотици милиони жени денес сè уште немаат пристап до контрацепција и своите репродуктивни права“, рече извршната директорка на УНФПА, д-р Наталија Канем. „Без таквиот пристап, тие не можат да донесуваат одлуки за себе, односно дали или кога да забременат“.

„Недостигот на оваа моќ - што влијае на голем број други аспекти во животот, од образование до приходи што овозможуваат сигурност – не им овозможува на жените да можат да ја креираат сопствената иднина", додаде д-р Канем. 

Извештајот за првпат вклучува податоци за способноста на жените да донесуваат одлуки во три клучни области: сексуални односи со нивниот партнер, употреба на контрацепција и здравствена заштита. Во 51 држава каде што се достапни овие информации, само 57 % од жените кои се во брак или во врска може да направат сопствен избор во сите три области.

„Ги повикувам светските лидери повторно да се заложат за ветувањата што беа дадени во Каиро пред 25 години за да се обезбеди сексуално и репродуктивно здравје и права за сите", рече д-р Канем. „Во ноември светот ќе има историска можност да ја финализира незавршената работа на ИЦПД на Самитот во Наироби за ИЦПД25, што ќе се одржи во Кенија, каде што владите, активистите и засегнатите страни ќе се соберат за да ги заштитат досегашните достигнувања и да го исполнат ветувањето од агендата на ИЦПД".

Во рамки на извештајот, исто така, е наведено дека 15 лидери направиле промени со кои ги прекршиле бариерите во нивниот сопствен контекст и имале влијание врз денешното сексуално и репродуктивно здравје и права.

„Ги поздравувам овие лидери", рече д-р Канем. „Сите ние имаме улога да се спротивставиме на силите што сакаат да нѐ вратат во оној период кога жените немале големо влијание врз одлуките за репродуктивното здравје или во која било област од нивниот живот", додаде таа. „Борбата за права и избори мора да продолжи сè додека тие не станат реалност за сите".

                                                                   

Факти и бројки од извештајот:

  • Бројот на смртни случаи на жени поради компликации во текот на бременоста на 100.000 новороденчиња во светот изнесува: 369 во 1994 година и 216 во 2015 година.
  • Глобалната стапка на современи методи на контрацепција изнесува: 24 во 1969 година, 52 во 1994 година и 58 во 2019 година.
  • Глобална стапка на фертилитет, или просечниот број на раѓања по жена изнесува: 4,8 во 1969 година, 2,9 во 1994 година и 2,5 во 2019 година.
  • Најголем дел од неисполнетите потреби од аспект на сексуално и репродуктивно здравје се јавуваат меѓу маргинализираните групи, вклучувајќи ги и малцинските етнички групи, млади луѓе, невенчани луѓе, лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови и интерсексуалци, лица со посебни потреби и сиромашни луѓе од руралните и урбаните средини.
  • Околу 800 милиони жени се венчале во период кога биле деца.
  • Во загрозените држави над 500 жени и девојчиња секојдневно умираат за време на бременоста и породувањето.

 

Поврзана содржина