Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНИЦЕФ/УНФПА: Нова иницијатива за заштита на милиони девојчиња од детски бракови

УНИЦЕФ/УНФПА: Нова иницијатива за заштита на милиони девојчиња од детски бракови

Вести

УНИЦЕФ/УНФПА: Нова иницијатива за заштита на милиони девојчиња од детски бракови

calendar_today 09 March 2016

Со нова иницијатива во повеќе земји насочена кон забрзување на акцијата за ставање крај на детскитe бракови, УНИЦЕФ и УНФПА ќе помагаат во заштитата на правата на милиони најранливи девојчиња во светот.

Во вторникот беше најавено дека во Глобалната програма на УНФПА и УНИЦЕФ за забрзување на акцијата за ставање крај на детските бракови ќе се вклучат семејствата, заедниците, владите и младите луѓе. Ова е дел од глобалниот обид да се спречи девојчињата да се мажат премногу млади и да се поддржат оние кои веќе се омажени како девојчиња, во 12 земји во Африка, Азија и на Блискиот Исток, каде стапката на детски бракови е висока.

„Изборот кога и со кого да се стапи во брак е една од најважните одлуки во животот. Детските бракови, секоја година им го негираат ваквиот избор на милиони девојчиња“, вели др Бабатунде Осотимехин, извршен директор на УНФПА, Фондот за население на Обединетите нации. „Како дел од оваа глобална програма, ние ќе работиме со владите на земјите со висока преваленца на детски бракови, за да ги поддржат правата на адолесцентните девојки и за тие да можат да го остварат својот потенцијал, а земјите да можат да ги постигнат своите цели на социјално-економски развој“, додаде тој.

Повеќе на следниов линк