You are here

Скопје, 17 ноември 2023 година - Изработка на новата Стратегија за млади, во соработка со Агенцијата за млади и спорт, младите и нивната благосостојба и ранливите категории на млади беа некои од темите на кои говореше Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, претставничка на УНФПА Северна Македонија на одбележувањето на 17.ноември – Меѓународниот ден на студентите, што се одржа на Филозофски факултет во Скопје.

На настанот, каде присуствуваа високи владини претставници, претставници на националните институции, на меѓународната заедница, како и бројни студенти и професори, се говореше за состојбата на студентите, студентскиот живот и активностите кои ги спроведуваат институциите и организациите со студентите.