Документот на Програмата на УНФПА за Северна Македонија за наредните 5 години беше усвоена на Првата редовна сесија на Извршниот одбор на УНДП/УНФПА/УНОПС, што се одржа на 4 февруари, во присуство на високи претставници Обединетите нации, како и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, како највисок владин претставник на сесијата.
Втората петгодишна програма на УНФПА за РСМ беше усвоена со уште три програми на државите од регионот на Источна Европа и Југоисточна Азија каде делува УНФПА – на Азербејџан, Узбекистан и Грузија, и дополнителни 8 програми од останати држави.
Генералната визија на новата Програма на УНФПА за Северна Македонија е сите жени и мажи, млади, адолесценти, ранливи категории на млади, жени со попреченост и стари лица, да ги исполнат своите права и секој/а да има еднакви можности да се едуцира, вработи и има пристап до високо-квалитетни здравствени услуги.
Оваа визија ја споделува и Владата на РСМ, рефлектирана во Програмата 2020-2024, придонесува на трите трансформативни цели на УНФПА, е во целосна усогласност со новиот реформски документ на Обединетите нации за државата, и ги поддржува заложбите на Владата на РСМ за исполнување на целите на ИЦПД, презентирани на Самитот во Најроби.
Регионалната директoрка на УНФПА, Алана Армитаж, на сесијата, ја поздрави Владата на РСМ за бројните достигнувања во областите на мандатот на УНФПА, a министерката Шахпаска даде посебен акцент на достигнувањата реализирани преку реформата на системот на социјална заштита, постигнувањата во намалувањето на дискриминацијата на жените, еднаквите можности, мерките и политиките во насока на задржување на младите во земјава.
„Владата на РСМ е целосно посветена на човековите права, недискриминацијата, родовата еднаквост, зајакнување на младите. Северна Македонија продолжува посветено да работи на унапредувањето на родовата еднаквост, која што претставува и дел од Владината програма и нејзина стратегија во водењето на владините иницијативи. Една од главните цели на оваа програма е промовирање на правата на жените и зголемување на нивното учество во политичкиот, економскиот и јавниот живот“, истакна министерката Шамхпаска.
Обраќање на министерката за труд и социјална политика на РСМ Јагода Шахпаска на сесијата - Фото: УНФПА Северна Македонија
Како дел од законските и стратешки иницијативи кои Владата на РСМ ги донесе изминативе две години се ратификацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство со цел систематско елиминирање на сите форми на насилство врз жените во 2017 годна. Потоа, новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство донесен 2021 година. Овој закон ги уредува постапките на институциите со должно внимание во заштитата на жените од сите форми на родово засновано насилство и жртвите на семејно насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите.
Таа го посочи и Законот за прекинување на бременоста од 2019 година кој гарантира дека жените имаат навремен пристап до давателите на здравствени услуги.
„Еден од клучните приоритети на земјата во следните години ќе продолжи да биде подобрувањето на можностите за вработување на жените, образованието, елиминирање на насилството, пристапот до високо квалитетни здравствени услуги на национално и локално ниво, креирање на родово одговорни политики и буџети“, истакна Шахпаска.
„Секој има право на еднакви можности“, порача министерката Шахпаска.
Првата редовна сесија на Извршниот одбор на УНДП/УНФПА/УНОПС може да се проследи на следниов линк: