Go Back Go Back
Go Back Go Back

Јакнење на системски одговор на родово-базирано и семејно насилство со поддршка на УНФПА и британската Амбасада

Јакнење на системски одговор на родово-базирано и семејно насилство со поддршка на УНФПА и британската Амбасада

Вести

Јакнење на системски одговор на родово-базирано и семејно насилство со поддршка на УНФПА и британската Амбасада

calendar_today 28 March 2024

Јакнење на системски одговор на родово-базирано и семејно насилство со поддршка на УНФПА и британската Амбасада
Јакнење на системски одговор на родово-базирано и семејно насилство со поддршка на УНФПА и британската Амбасада

Скопје, 28 март 2024 - Усвојување на протокол за меѓусебна соработка на надлежни субјекти и постапување со надлежни институции, усвојување на подзаконски акти, унапредување на модел за интегрирано прибирање на податоци, дефинирање на програма за работа со сторители на насилство.

Ова се дел од клучните резултати во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија”, што УНФПА, во партнерство со Министерството за труд си социјална политика и финансиска поддршка на британската Амбасада, го спроведуваше изминатите три години.

„УНФПА, нашите партнери но и секој од нас денеска е особено горд што ја имаме можноста да ги презентираме резултатите што заедно со партнерите и заедно со вас ги постигнавме, но и на можноста заедно да ги исцртаме следните чекори кон искоренување на семејното и родово базираното насилство.“, изјави Афродита Шаља - шефица на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА во Северна Македонија.

На настанот, што денеска се одржа во Скопје во присуство на околу 100 претставници на национални институции, невладини организации, меѓународната заедница и медиумите, се презентираа резултатите од активностите што опфатија и изработка на Програма за реинтеграција на жртви, за прв пат во државата, утврдување на првиот регистер на 33 обучувачи за обука на професионалци за мултисекторска соработка, изработка на стандарди на професионалци за работа со сторители, како и реплицирање на моделот за засолниште за жртви на семејно насилство преку соработка со партнери на локално ниво.

„Заедничките достигнувања нека бидат инспирација за сите следни чекори што се потребни секоја жртва да биде безбедна“, истакна Жаклина Гештаковска Алексовска - аналитичарка за програма за родови прашања на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА во Северна Македонија.

Исто така, во изминатиот период беа изработени и анализа и препораки за подобрување на услугите за функционирање на СОС линиите за помош на жртви на насилство како и континуирана кампања за промоција на услугите за жртви на насилство.

Претставници на министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи и за здравство и на граѓанските организации дискутираа за идните чекори кон зајакнување на системот за превенција и заштита од родово базирано насилство.

Настанот ги одбележа и идните чекори во градењето на системот, а се промовираше и краткиот документарен филм „Излегувајќи од кругот” што го изработи Институтот за комуникациски студии.