Go Back Go Back
Go Back Go Back

5 начини за создавање работно место приспособено на семејството – и зошто е тоа важно за сите

5 начини за создавање работно место приспособено на семејството – и зошто е тоа важно за сите

News

5 начини за создавање работно место приспособено на семејството – и зошто е тоа важно за сите

calendar_today 15 May 2024

5 начини за создавање работно место приспособено на семејството – и зошто е тоа важно за сите
5 начини за создавање работно место приспособено на семејството – и зошто е тоа важно за сите

Во Западен Балкан и пошироко, жените традиционално се бореле да се вклучат или да бидат дел од работната сила поради нееднаквата поделба на семејните обврски, недостигот на поддршка од работодавците и несоодветните владини семејни политики и одредби. Истовремено, жените се соочуваат со предизвикот да засноваат семејство и да го имаат посакуваниот број деца, без да мора да го напуштат работното место.

 

Во Западен Балкан, стапката на учество на жените во работната сила е значително пониска од таа на мажите и се движи помеѓу 16,5 и 52 отсто. Тоа значи дека повеќе од половина од продуктивниот капацитет на жените на возраст помеѓу 15-64 години не се искористува во целост во економиите на државите.[1] Во исто време, стапките на фертилитет во регионот се движат од 1,3 до 1,5 деца по жена, што е многу пониско од две или повеќе деца што луѓето велат дека ги посакуваат.

 

Од тие причини, програмата на УНФПА Проширување на изборот промовира работни места приспособени на семејството, што им помагаат на жените и на мажите да ги исполнат своите стремежи на работното место и во домот. Следуваат пет чекори што компаниите и вработените лица можат да ги преземат за да се создадат поттикнувачки и одржливи работни средини од кои сите ќе имаат полза:

 

  1. Флексибилно работно време

Работното време не мора да биде ограничено на традиционалното работење во канцеларија од 9 до 17 часот. Флексибилното работно време им овозможува на вработените да ги утврдат условите што се најпогодни за нивните општи потреби додека истовремено ги извршуваат работните обврски. Ова вклучува поединечно избирање на времето на започнување и на завршување со работа, ограничување на работните состаноци на одредени часови во денот или, пак, помал број работни денови.

 

Зошто е тоа важно: Вработените што имаат поголема флексибилност, можат подобро да ги усoгласат своите работни и приватни обврски, што покажало дека ја зголемува мотивацијата и го намалува стресот. Исто така, компаниите имаат корист од поголема продуктивност, пониски стапки на ротирање на кадарот и поширок расадник на таленти што не ги изоставува лицата со поголеми обврски во семејството.

 

  1. Платено отсуство за сите

Породилното отсуство е најпознат и најприфатен облик на платено отсуство од работното место. Сепак, важно е да им се понудат еднакви можности за водење грижа за семејните работи и на мажите и на жените, без тоа да има значителни последици врз нивните кариери или приходи. Со оневозможувањето или со несоодветното отсуство од работа на мажите, владите и компаниите ги поттикнуваат штетните родови норми што се поврзани со грижата за децата, во целост префрлајќи ја одговорноста на жените.

 

Зошто е тоа важно: Програмите за платено отсуство не само што го подобруваат угледот на компаниите и заштедуваат трошоци поврзани со вработување и задржување на кадарот, туку и се корисни за целото општество. Истакнувањето на ангажираното татковство и поддршката на мажите во улога на згрижувачи, помагаат во градењето рамноправни општествени и родови норми.

 

  1. Грижа за децата и поддршка во домот

Вработените што се задолжени за нечие згрижување често може да се чувствуваат како да им е наложено да го поделат времето и фокусот помеѓу работата и домот. Нудењето поддршка во вид на финансиска помош за грижа на деца, простории за доење на работното место и простор во канцеларијата што децата може да го користат по завршување со наставата, може да го намали стресот.

 

Зошто е тоа важно: Поголемата поддршка во домот им овозможува особено на жените да продолжат да работат без да мора да прават компромис за одлуки какви што се доење или поминување време со семејството. Мажите и жените што се чувствуваат поддржани во работата, се посамоуверени да имаат повеќе деца, зајакнувајќи ја отпорноста на заедницата на демографски промени.

 

  1. Култура приспособена на семејството на сите нивоа во компанијата

Вишите раководители што спроведуваат политики приспособени на семејството какви што се флексибилно работно време или родителско отсуство, се пример за другите вработени да го направат истото без страв од последици. Ова е особено важно за мажите, кои би можело да се соочат со рестриктивни родови норми и се плашат од остри реакции на колегите и на работодавците кога сакаат рамноправно да се вклучат во непречена грижа и работа во семејството.

 

Зошто е тоа важно: Кога лидерите на врвот се однесуваат како пример во врска со политиките приспособени на семејството, ги охрабруваат другите да учествуваат и да инвестираат во развивањето повеќе иницијативи што ќе ја направат програмата успешна и одржлива. Исто така, тоа би можело да ги поттикне другите работодавци во индустријата да размислат да воведат политики приспособени на семејството и да добијат слични бенефиции.

 

  1. „Приспособени на семејството“ не ги опфаќа само родителите и децата

Конечно, важно е да запомниме дека „приспособени на семејството“ подразбира повеќе од само давање поддршка на врската родител-дете. Работодавците што се залагаат да промовираат работни места приспособени на семејството треба да им понудат и еднаква помош и флексибилност на вработените лица што се грижат за своите партнери, родители, повозрасни роднини, пријатели или за други членови на семејството.

 

Зошто е тоа важно: За да ја направите работната рутина приспособена на потребите на семејството, треба во поширока смисла да се земат предвид различните семејните односи. Обврските за грижа може да постојат и кај хетеросексуални партнери со деца, но и кај хомосексуални двојки без деца, кај младо лице и неговиот повозрасен родител или кај состанари што не се роднини. Темелите на развивањето култура на работното место приспособена на семејството се поставуваат со еднакво вреднување на сите такви врски.

 

 

По успешната промоција на програмата „Проширување на изборот“ во 2019 година, УНФПА и Австриската агенција за развој (АДА), оперативната единица на Австриската развојна соработка, ја промовираат втората фаза од програмата, вклучувајќи ги сите држави и територии од Западен Балкан. Компании од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и од Србија ќе им се придружат на постојните партнери од Албанија и од Косово (УНСЦР1244) во иницијативата, во која АДА ќе вложи 2,2 милиони евра во наредните три години.

 

За повеќе информации за програмата на УНФПА „Проширување на изборот“ и фирмите лидери што работат на зајакнување на родовата еднаквост и на политиките приспособени на семејството, одете на: https://eeca.unfpa.org/en/expanding-choices.

 

 

[1] СРС, 2022. Регионален компаративен извештај за вработувањето на жените во Западен Балкан.