You are here

Изјава по повод Меѓународнито ден на жените од Извршниот директор на УНФПА, Бабатунде Осотимехин

За милиони жени и девојчиња низ целиот свет, родовата еднаквост како и целосното почитување на човековите права се уште се недостижни. Како за пример, речиси 14 милиони деца се присилени на ран брак секоја година; со други зборови, на 37,000 девојчиња им се прекршуваат нивните основи човекови права секојдневно! Секој ден, 7.3 милиони новороденчиња во земјите во развој се родени од мајки на возраст од17 години и помалку. Секоја трета жена е жртва на родово базирано насилство, а 200 милиони жени и девојчиња кои живеат денес биле подложени на сакатење на гениталиите.Денеска, на Меѓународниот Ден на Жената, ги повикувам сите земјие да започнат акција за заштита на правата на жените и девојчињата и да ја исправат долгогодишната родова нееднаквост. Родовата еднаквост и еднаквата заштита на човековите права, вклучувајќи го и правото на сексуално и репродуктвино здравје, се од исклучителна важност, самите по себе. Но, тие истовремено се и мерки со кои ќе се постигне остварување на меѓународно договорените социјални и економски цели, вклучувајќи ги и новите „Одржливи цели за развој на Организацијата на Обединетите нации“ кои се усвоени од меѓународната заедница во септември 2015. Овие цели ја потенцираат родовата еднаквост, доброто здравје и квалитетното образование за сите, како и елиминирање на сиромаштијата. Повеќе од четири децении, УНФПА помага за подобрување на здравјето на жените и унапредување на нивните права. УНФПА ќе продолжи да ја насочува агендата за здравјето и правата се до 2030 година кога се очекува „Одржливите цели за развој на ООН“ да бидат постигнати, но и после во годините кои следуваат, се додека сите жени и девојчиња не се најдат на еднакво рамниште со мажите и не добиојат моќ и средства што ќе им овозможат целосно исполнување на нивните основни човекови права.