Стратегијата ги поставува младите луѓе - нивните таленти, надежи, гледишта и уникатни потреби - во центарот на одржливиот развој. Воедно, го поддржува постигнувањето на Целите за одржлив развој и се усогласува со новата Стратегија на Обединетите нации за млади, како и Стратешкиот план на УНФПА 2018-2021. Сè што прави УНФПА, зависи од заложбите за сексуално и репродуктивно здравје и права опфатени во Меѓународната конференција за население и развој од 1994 година и нејзината програма за акција. Овие заложби се клучни за адолесцентите и младите.