Go Back Go Back
Go Back Go Back

Шефица на канцеларија

Шефица на канцеларија

Шефица на канцеларија

Г-ѓа Афродита Шаља

Г-ѓа Шаља е назначена за Шефица на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија во септември 2019 година.

Шефица на канцеларија

Таа се приклучи на Канцеларијата на УНФПА во Република Северна Македонија како аналитичарка за програми за сексуално и репродуктивно здравје и млади во 2013 година. Таа е доктор на медицина и во моментов е на магистерски студии по финансиски менаџмент. Нејзиниот ангажман вклучува изготвување, управување и надзор на програми што се однесуваат на националните приоритетни прашања во согласност со Агендата 2030 за одржлив развој и други глобални и регионални иницијативи за развој.

Освен во Северна Македонија, таа работела како консултант во регионот, преку обуки и насоки за надградување на знаењата за другите канцеларии и за регионалната канцеларија. Има завршено детална задача во областа на мобилизацијата на ресурси и стратешки партнерства во канцеларијата на Источна Европа и Централна Азија во 2020 година и учествувала во неколку мисии во регионот и пошироко.

Пред да се приклучи на УНФПА, повеќе од 15 години работела за програмите на УСАИД и има огромно искуство во менаџирање програми поврзани со здравството, локалното управување и животната средина.

Г-ѓа Шаља, исто така, беше главен советник на министерот за локална самоуправа за прашања поврзани со ИПА-програмите за прекугранична соработка и децентрализацијата. Таа придонесе за воспоставување неколку успешни национални и регионални партнерства со повеќе чинители – владини, невладини, донатори, приватен сектор итн.   

Г-ѓа Шаља е државјанин на Република Северна Македонија и течно зборува англиски, македонски, албански и турски јазик, како и други јазици што се зборуваат во регионот.