Go Back Go Back
Go Back Go Back

Меѓународен ден на млади

Share Icon

Настани

Меѓународен ден на млади

calendar_today 12 August 2018

location_onГлобален

Меѓународниот ден на млади се одбележува секоја година на 12 август, согласно одлуката на Генералното собрание на ООН од 1999 година. Денот претставува одбележување на улогата на младите жени и мажи како значајни партнери во промоцијата на човековите права и развој. Овој ден е и можност да се подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат младите насекаде низ светот.

Младите имаат моќна улога во промените и прогресот кога се едуцирани и поттикнати да учествуваат во донесување на одлуки. Сепак, голем број на млади низ светот се оставени без образование. Нивната едукација е со ниски стандарди, или воопшто не се образуваат, и ретко имаат можност да најдат пристојна работа. Пристапот до основна информација и услуга за нивното сексуално и репродуктивно здравје им е отежнат. Без овие алатки, младите луѓе, особено младите жени, се соочуваат со сиромаштија, рана бременост, болест и други предизвици.