Go Back Go Back
Go Back Go Back

Алармантен трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња - УНФПА со поддршка на HBSC студијата

Алармантен трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња - УНФПА со поддршка на HBSC студијата

Вести

Алармантен трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња - УНФПА со поддршка на HBSC студијата

calendar_today 26 October 2023

Алармантен трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња - УНФПА со поддршка на HBSC студијата
Алармантен трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња - УНФПА со поддршка на HBSC студијата

Скопје, 26 октомври 2023 година - Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња, особено кај 15-годишните, покажуваат заклучоците од меѓународната ХБСЦ студија – однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст (11-15 години) во Република Северна Македонија, истражување спроведено во 2022 година со поддршка на УНФПА Северна Македонија.

Националните наоди беа презентирани денеска на Филозофскиот факултет во Скопје (ФФС), во присуство на бројни претставници на националните институции и студенти, со поддршка на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот на Република Северна Македонија.

Студијата, што ја спроведе Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска, во партнерство со ФФС и Универзитетот во Тетово, посочува дека многу прашања за тоа како децата и младите да живеат поздраво, побезбедно и повклучено во семејството, училиштето и заедницата, остануваат отворени.

Наодите се алармантни. Дури 57% од девојчињата на 15 години во нашата земја пријавиле чести нерасположенија речиси секојдневно во последните шест месеци. Од психосоматски тегоби како: болки во стомакот, главоболки, вознемиреност, раздразливост, проблеми со спиењето и концентрацијата, истовремено, повеќе пати неделно во последните шест месеци страдаат 6 од 10 девојчиња на 15 години.

И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата. Трендот во последните осум години, од 2014 до 2022 година, ја покажува истата насока на меѓуродови и меѓувозрасни разлики, со високи сличности помеѓу 2014 и 2022 година, токму на индикаторите на менталното здравје, што укажува на висока чувствителност на децата на општествените случувања и условите во кои живеат, независно дали се работи за социјална, политичка или здравствена криза и несигурност на заедницата. 

Сиромаштијата и традиционалната култура ги држи децата на најдолното скалило на хиерархијата на моќ и остварување на своите права а родовата нееднаквост има големо влијание врз општата благосостојба на децата и младите, покажуваат заклучоците.