Go Back Go Back
Go Back Go Back

Демографските предизвици и можности за одржлив развој во Северна Македонија

Демографските предизвици и можности за одржлив развој во Северна Македонија

Вести

Демографските предизвици и можности за одржлив развој во Северна Македонија

calendar_today 17 May 2023

Панел дискусија за демографските предизвици и можности за одржлив развој
Панел дискусија за демографските предизвици и можности за одржлив развој, Скопје.

Скопје, 17 мај 2023 - Панел дискусија за демографските предизвици и можности за одржлив развој на Северна Македонија, со клучните демографски трендови што влијаат на социо-економскиот развој, се одржа денеска на Институтот за социологија при Филозофски факултет - Скопје, во соработка со Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.

Бројни професори, претставници на национални институции, експерти и студенти, дебатираа за популационите и социјални политики и програми како одговор на демографските промени, зајаканување на човечкиот капитал и градење на просперитетна иднина.

Дискусијата ја отворија Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА во Скопје и проф. д-р Маја Геровска Митев, продекан за наука и меѓународна соработка, а панелисти беа проф. д-р Аница Драговиќ, Институт за социологија, Филозофски факултет – Скопје; Катерина Костадинова Даскаловска, независен консултант за статистика и пописи на население и домаќинства, м-р Кристијан Фидановски, докторанд на Универзитет Оксфорд и Марија Димитровска, аналитичарка на програма, население и развој, во Канцеларијата на УНФПА во Скопје.

Настанот се одржа во светло на објавувањето на Извештајот за состојбата на светското население што УНФПА го објавува секоја година.