Go Back Go Back
Go Back Go Back

Доделени благодарници за институциите вклучени во кампањата „Има помош за живот без насилство”

Доделени благодарници за институциите вклучени во кампањата „Има помош за живот без насилство”

Вести

Доделени благодарници за институциите вклучени во кампањата „Има помош за живот без насилство”

calendar_today 04 November 2022

Признание за претставниците на национални институциии и на граѓанските здруженија - фотографија на УНФПА
Признание за претставниците на национални институциии и на граѓанските здруженија - фотографија на УНФПА

Скопје, 4 ноември 2022 -  Признание и благодарници за претставниците на различни национални институции во Северна Македонија кои учествуваа на средбите со локалната заедница во општина Шуто Оризари во рамки на кампањата „Има помош за живот без насилство“ за нивната поддршка во јакнење на напорите против насилството врз жените и девојчињата доделија денеска во Скопје претставници на Министeрството за труд и социјална политика, на британската Амбасада во Скопје и на Канцеларијатa на УНФПА во Северна Македонија.

 

„Локалната заедница е важна алка во делот на подигнување на јавна свест за насилството врз жените и семејното насилство, да им се даде поддршка и да бидат нивна придружба до институциите кои треба да ја отпочнат постапката за заштита на жртвата“, изјави Лидија Штерјов, раководителка на одделението за социјално вклучување при Министерство за труд и социјална политика.

 

„Градењето на мостови меѓу локалните заедници, граѓанското општество и институциите е важно во борбата против родово-базираното насилство. Вие ги претставувате жителите на вашата заедница, вие сте ‘лицето’ на достапните услуги и поддршка”, изјави Ендру Бренд, раководител на програми во британската Aмбасада во Скопје.

Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, изрази благодарност до присутните ‘предводници на промени’ кои работат директно со жртвите, преживеаните и нивните блиски, и се лицето на институциите и лицето во кое жртвите гледаат помош и поддршка.

 

Со ова завршија средбите во заедницата на општина Шуто Оризари, на кои учествуваа претставници на институциите, невладини организации, верски лидери и жители на заедницата, се одржуваат во рамки на кампањата за превенција и заштита од родово-базирано и семејно насилство, чија цел е промоција и информирање на граѓаните за достапните услуги за жртви и преживеани.

 

Комуникациските активности во рамки на проектот, што го спроведува УНФПА - Северна Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика, и финансиска поддршка на британската амбасада во Скопје, ќе се одвиваат и во други општини во наредниот период.