Go Back Go Back
Go Back Go Back

Започна изработката на Националната стратегија за млади со поддршка на УНФПА, УНДП и ОБСЕ

Започна изработката на Националната стратегија за млади со поддршка на УНФПА, УНДП и ОБСЕ

News

Започна изработката на Националната стратегија за млади со поддршка на УНФПА, УНДП и ОБСЕ

calendar_today 17 October 2022

Обраќање на Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, претставничка на УНФПА во Скопје - фотографија на УНФПА
Обраќање на Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, претставничка на УНФПА во Скопје - фотографија на УНФПА

Скопје, 17 октомври, 2022 - „Младите се клучен дел од демографските движења и градењето на демографската отпорност. Тие ќе бидат клучен дел и во новата национална демографска стратегија, која ќе се развива со поддршка на УНФПА. Инвестицијата направена во секој млад човек, значи инвестиција која ќе влијае на неколку генерации во исто време, а ќе значи и дефинирање на иднината на светот “.

Ова денеска во Скопје го изјави Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, вршителка на должност шефица на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, на Конференцијата со која се означува почетокот на изработката на Националната стратегија за млади чиј носител е Агенцијата за млади и спорт, со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА, Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП и на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„ Денес, во светот живеат повеќе од 1,8 милијарди млади на возраст 10-24 години,  што всушност претставува речиси една четвртина од светското население. Многу значајна категорија на населението, не само поради бројката, туку и поради фактот што иднината на светот лежи во младите”, додаде таа.

Процесот на креирање на Стратегијата ќе биде проследен со широка консултација со младите лица преку социјалните медиуми и разни дигитални алатки под мотото „вклучи се“.  Се очекува Националната стратегија за млади да биде финализирана до декември 2022 година.