You are here

Скопје, 18 јули 2023 година – Денеска, во Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија, се одржа консултативна средба во врска со нацрт-верзијата на Стратегијата за демографски политики 2024 – 2044 година, за информирање и запознавање со процесот на изработка на новата Стратегија во присуство на пратеничките.

 

На консултативната средба, во рамките на подготовката на документот за демографски политики, која ја води Министерството за труд и социјална политика, со поддршка и насоки од Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, беа истакнати главните цели, значењето и инклузивниот процес на подготовка на Стратегијата.