Go Back Go Back
Go Back Go Back

Млади и застапување: платформи за подобра соработка со институциите

Млади и застапување: платформи за подобра соработка со институциите

Вести

Млади и застапување: платформи за подобра соработка со институциите

calendar_today 12 June 2017

Во организација на мрежата на младински организации Y-Peer, во соработка со Организацијата за социјални иновации Арно и со поддршка на канцеларијата на УНФПА во Скопје се оддржа првата од серијата работилници насловена како „Застапување за обезбедување на подобри платформи во рамките на министерствата и државните институции за подобра соработка со младинските НВО како дел од проценките за Сексуално и репродуктивно здравје“.

 

Претставнциите на над 9 младински невладини организации дускутираа за подобра хармонизација на нивните активности, посебно во насока на зајакнат на нивните капацитети и за застапување во имплементација на политики кои се однесуваат на нив.  

На првата од серијата на четири работилници кои следат се дебатираше исто така за младинското учество во проценката за потребите околу Целите за одржлив развој како и развивањето на националните индикатори.

Во однос на промоцијата на „Сеопфатно сексуално образование“, на денешната средба младите заклучија дека потребно е да работат на модел на едукација на сите нивоа вклучително и неформалниот образовен систем, како и заедно фокусирано застапување кон реализација на сеопфатното сексуално образование во рамките на образовниот систем.