Успешна финална средба за подготовка на драфт Национална Стратегија за ХИВ 2017 – 2021 во организација на Министерството за здравство, Светската здравствена организација, а поддржана од канцеларијата на УНФПА во Скопје.
Главен фокус на последниот работен состанок беше ставен на индикаторите за следење на остварување на Стратегијата, а свој придонес во работата дадоа сите релевантни фактори во земјава вклучувајќи го и граѓанскиот сектор.
Очекувањата се дека драфт документот ќе биде подготвен во текот на летниот период по што ќе биде поднесен во процедура за усвојување во владата на РМ.