Go Back Go Back
Go Back Go Back

Национални консултации за нова демографска стратегија со поддршка на УНФПА

Национални консултации за нова демографска стратегија со поддршка на УНФПА

Вести

Национални консултации за нова демографска стратегија со поддршка на УНФПА

calendar_today 12 December 2023

Национални консултации за нова демографска стратегија со поддршка на УНФПА
Национални консултации за нова демографска стратегија со поддршка на УНФПА

Скопје, 12 декември 2023 година - Серија состаноци во рамки на процесот на развивање на нов стратешки документ за демографски политики, со поддршка на УНФПА Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика како носител на процесот, се одржаа во изминатиот период, во Скопје.

Членовите на работната група составена од сите национални институции и релевантни чинители, како и претставниците на академската заедница и бизнис секторот, активно учествува со свои сугестии и коментари при разгледување на првиот драфт на Стратегијата за демографски политики 2024- 2044 година.

Новата демографска стратегија за прв пат ќе биде базирана на популациските проекции кои пак по 25 години по втор пат се изработуваат во државава. Приоритетни области на нацрт демографската стратегија по кои се коментираше на овие консултативни средби се намалување на надворешните нето миграции; развој на човечки капитал; наталитет и намалување на географски диспаритети помеѓу населени места

Целта на средбите е да се споделат мислења и разменат сугестии и коментари со цел подобрување на целите и приоритетите што ќе ги даде новиот стратешки документ во насока на поддршка за планирање на политики што ќе ги адресираат последиците од демографските трендови.

На средбите присуствуваа претставници од над 15 државни институции, меѓу кои Кабинетот на Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, на Министерството за здравство, Управата за електронско здравство, Институт за јавно здравје, Фонд за здравствено осигурување, АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, ЗЕЛС, Државниот завод за статистика, Владата на Република Северна Македонија, Агенција за странски инвестиции, Министерство за транспорт и врски, Министерство за внатрешни работи, Агенција за вработување, Фонд за пензиско осигурување на Република Северна Македонија, МАПАС, како и од академската заедница, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата.