Go Back Go Back
Go Back Go Back

Оддавање почит на акушерките, несудените херои во првите борбени линии за справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19

Оддавање почит на акушерките, несудените херои во првите борбени линии за справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19

Изјави

Оддавање почит на акушерките, несудените херои во првите борбени линии за справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19

calendar_today 05 May 2020

Изјава на извршната директорка на УНФПА, д-р Наталија Канем, по повод Меѓународниот ден на акушерките, 5 мај, 2020 година

Додека светот се бори со пандемијата на Ковид-19, жените продолжуваат да забременуваат и бебиња сè уште се раѓаат. Поради пандемијата не застануваат ниту породувањата, ниту, пак, работата на акушерките. Тие работат неуморно на фронтот во породилиштата, здравствените центри и женските домови ширум светот, ризикувајќи ги сопствените животи и благосостојба, со цел да ги спасат животите на жените и новороденчињата.

Во голем број земји што се тешко погодени од кризата со Ковид-19, акушерките умираат поради недостиг на лична заштитна опрема и недостиг на поддршка. Во голем број здравствени установи акушерките се прераспределени на други работни задачи за справување со вирусот, при што, жените остануваат без пристап до навремени, клучни и витални услуги. Во рамките на целокупниот одговор на здравствениот сектор на пандемијата, здравјето на мајките и новороденчињата мора да се третира со приоритет.

УНФПА ја поздравува работата на сите акушерки и се обврзува со заложбите заедно со националните влади да работи во насока на заштита на акушерките од Ковид-19.

Акушерките се 'рбетот на системите за здравствена заштита на мајките -  тие извршуваат породувања, но и многу повеќе. Оваа криза е можност за сите нас да направиме повеќе во однос на напорите на акушерките во поддршка на сексуалното и репродуктивното здравје и права на сите жени, насекаде.

Во земјите каде што овие права и избори се доведени во прашање или се под закана, акушерките се тие кои ја подигнуваат свеста за превентивните смртни случаи на мајките и недостигот на пристап до планирање семејство. Тие алармираат за родово-базирано насилство и штетни практики како што се осакатување на женските гениталии и склучување детски, односно малолетни бракови. Тие го водат напредокот кон родовата еднаквост.

Акушерките им обезбедуваат поддршка на жените кога се најранливи. Тие секојдневно се борат да го бранат човековото право на жената безбедно да помине низ бременоста и породувањето, иако и тие самите честопати се соочуваат со дискриминација, сексуално вознемирување и нееднаква плата. Како резултат на стравот и неизвесноста поврзани со пандемијата на Ковид-19, горенаведените предизвици со кои акушерките се соочуваат стануваат уште потешки.

Традиционално, акушерките одиграа клучна улога во одговорот на пандемијата. Бидејќи националните здравствени системи во голем број земји се преоптоварени, акушерките ги  демонстрираат својата храброст и флексибилност, со тоа што и понатаму, па дури и во најтешки околности, продолжуваат да ги поддржуваат бремените жени.

УНФПА ги поддржува акушерките на првите борбени линии за справување со Ковид-19 ширум светот преку обезбедување соодветни средства и опрема за лична заштита, надградба на капацитетите на здравствените системи за матерналните услуги да не заостанат и обезбедувајќи бремените жени и доилките - вклучително и оние кои се во карантин – да ја добиваат неопходната грижа кога им е потребна.

Сега повеќе од кога било мора да ги преземеме неопходните активности за да им оддадеме признание на акушерките како постојани шампиони и застапници за сексуалното и репродуктивно здравје и права на жените и девојките. Подолу следат три начини на кои ВИЕ може да придонесете за ова да се случи во 2020 година - Меѓународната година на медицинските сестри и акушерките:

  1. Демонстрирајте ја вашата поддршка со тоа што ќе согледате и ќе ги информирате другите за клучната улога на акушерките во намалувањето на морбидитетот и смртноста на мајките и новороденчињата. Во услови на пандемија, доколку не се акушерките, голем број жени и бебиња ќе умрат од причини што инаку може да се превенираат за време на породувањето.
  2. Славете ги постигнувањата на акушерките и нивниот придонес за подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје и здравјето на мајките и новороденчињата. Направете тие да се чувствуваат горди како здравствени работници во првите редови за справување со Ковид-19.
  3. Мотивирајте ги креаторите на политики да воведат промени со лобирање за акушерките да бидат признаени како посебни стручни лица и да им бидат обезбедени соодветни ресурси. Барајте инвестиции во акушерството и почитувајте го нивниот придонес за здравјето на мајките и новороденчињата.

Да се обединиме за и со акушерките за дури и во овие тешки времиња да се даде приоритет и заштита на сексуалното и репродуктивното здравје и права на жените.