Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА ја одбележува неделата за превенција од рак на грлото на матката

УНФПА ја одбележува неделата за превенција од рак на грлото на матката

News

УНФПА ја одбележува неделата за превенција од рак на грлото на матката

calendar_today 24 January 2024

УНФПА ја одбележува неделата за превенција од рак на грлото на матката - Прес конференција во Скопје
УНФПА ја одбележува неделата за превенција од рак на грлото на матката - Прес конференција во Скопје

Скопје, 24 јануари 2024 година - Превенцијата спасува животи, а се спроведува со процесот на скрининг и вакцинација против ХПВ вирусот што го предизвикува ракот на грлото на матката.

Ваква порака денеска во Скопје упатија претставниците на професионалните асоцијации, на Националната комисија за имунизација, како и претставници на Обединетите нации во државата, по повод одбележување на неделата за превенција од рак на грлото на матката, што се одржува секоја година од 22 до 28 јануари.

„Бројот на нови случаи на рак на грлото на матката, како и бројот на смртни случаи во Источна Европа и Централна Азија, е дури 10 пати повисок во споредба со државите од Западна Европа”, изјави д-р Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија.

Средбата со медиумите се одржа во организација на Македонското здружение на цервикална патологија и колпоскопија, во соработка со Здружението за патологија на Република Северна Македонија и Македонското здружение за радиологија и онкологија.

На средбата говореа претседателите на трите здруженија – проф. д-р Горан Димитров, проф. д-р Рубенс Јовановиќ и проф. д-р Виолета Клисарова, како и националниот координатор за имунизација проф. Александра Грозданова, а на настанот свое обраќање имаше и д-р Ане Јохансен, специјалната претставничка на Светската здравствена организација во Северна Македонија.

„Околу 600 илјади жени на европско ниво заболуваат. Половина од нив ја губат борбата со болеста. Инциденцата, за жал, покажува една нехомогена дистрибуција, што во најголем дел ги афектира земјите во развој, меѓу кои и нашата земја. Дистрибуцијата е нехомогена и во однос на морталитетот, повторно со највисок морталитет во земјите во развој.

Во Северна Македонија, инциденцата се движи некаде на 20 нови случаи на 100 илјади жени што е прилично висока инциденца, ако споредиме со она кон што треба да се стремиме, два до четири нови случаи на 100 илјади жени“, рече претседателката на Асоцијацијата за радиологија и онкологија, д-р Виолета Клисаровска.

Претседателот на Здружението на патолози, д-р Рубенс Јовановиќ, рече дека како патолог мора да ја нагласи  тенденцијата последниве години, особено по ковид-19, дека за дијагностика добиваат оперативни примероци со многу напреднати карциноми во многу напреднат стадиум.

Претседателот на Македонското лекарско друштво и Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, д-р Горан Димитров рече дека уште од 2017 година работна група има изготвено протокол, околу тоа како полека треба да се оди кон тоа, ХПВ да биде како примарен скрининг. Тој додаде дека се работи во тој дел и изрази надеж дека тоа ќе се реализира.

УНФПА, во рамки на одбележувањето на неделата, спроведе кампања на социјалните медиуми за кревање на свеста за ова малигно заболување, а кампањата содржеше и заедничка промоција со Светската здравствена организација.