Go Back Go Back
Go Back Go Back

Презентирани резултатите од соработката меѓу УНФПА и Владата за намалување на мајчината и новороденечка смртност

Презентирани резултатите од соработката меѓу УНФПА и Владата за намалување на мајчината и новороденечка смртност

Вести

Презентирани резултатите од соработката меѓу УНФПА и Владата за намалување на мајчината и новороденечка смртност

calendar_today 08 March 2019

Премиерот Зоран Заев говори за заедничките напори на УНФПА и Владата за намалување на мајчината и новороденечка смртност - © UNFPA MK/Томислав Георгиев

Скопје, 8 Март – Вкупно 47 здравствени работници се обучени за спроведување на ефективна перинатална грижа од две клиники во државата како дел од мултидисциплинарни тимови што се состојат од гинеколози/акушери, неонатолози и акушерки. 15 гинеколошки и неонатолошки протоколи се изработени, чија дистрибуција е во тек во 33 родилишта во државата.

Ова се главните резултати од соработката меѓу УНФПА и Владата, Министерство за здравство и Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи, заеднички проект за намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата што се спроведе од септември до декември 2018 година.

“Треба да направиме се за да обезбедиме подобри услови за намалување на мајчината смртност“, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи ги резултатите од заедничкиот проект на денешниот настан. Тој додаде дека ова е прв проект во државата со ‘matching funds’, механизам на заедничко финансиско партнерство.

Обуките за ефективна перинатална грижа овозможија знаење за стандардизиран пристап до просториите за породување, обучен кадар, медицинска опрема и алатки, и се спроведуваа во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје и Клиничката болница во Тетово, во согласност со препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

“Смртноста кај мајките и новороденчињата се намали за 30 проценти во 2018 година, во споредба со 2017 година, како резултат на сите владини мерки“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Други говорници на настанот беа директорот на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска, директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи Анте Попоски, претседателката на Комитетот за безбедно мајчинство Ана Данева Маркова и помошникот-шеф на Канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија Соња Таневска.