You are here

Панел дебатата како дел од активностите на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) поврзани со одбележувањето на Светскиот ден на населението 11 Јули, на тема Ранливите категории население во кризни ситуации.

Постојаниот координатор на Обединетите нации Луиза Винтон во своето обраќање потенцираше дека “Во 2014, 60 милиони луѓе морале да ги напуштат своите домови и да побарат безбедно засолниште во друг дел од светот. Еден од 122 лица во светот е бегалец, што значи дека секој од нас може да се сооши со ваква ситуација. Мора да запомниме и дека статистички една на секои 5 жени бегалци е бремена. Обидетете се да ги замислите потешкотиите со кои што се соочува бремена жена од Сирија која мора да испешачи 4000 километри од нејзиниот дом во Дамаск да стигне безбедно до Берлин, без никаков правен статус. Во векви кризни ситуации, УНФПА им помага на жените и девојките да го задржат своето достоинство, безбедност и обезбедување на пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје. 
Во своето обраќање Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски ја истакна добрата соработката на Владата и агенциите на Обединетите нации во земјава во однос на актуелната криза со мигрантите: „Кризата не засега сите, и затоа пристапот кон справување со истата треба да биде заеднички. Ние покажавме дека можеме да бидеме успешни само ако сите заеднички се стремиме кон истата цел. Ве повикувам, заеднички да се се справиме и со оваа состојба.“

За активностите на Црвениот крст во земјава во однос на темата говореше Г-дин Сашо Талевски, кој потенцираше дека „Најважно е да имаме капацитети за да направиме добра процена за да се подготвиме за можни кризи, за во координација со сите институции подоцна да можеме да помогнеме на луѓето на кои им е потребна помош“ 

Г-дин, Душко Петровски од Центарот за управување со кризи во своето обраќање даде преглед на активностите на ЦУК и ја адресираше добрата соработка со локалните самоуправи – „Досега во повеќе од 50 општини се подготвија и советите ги усвоија безбедносните проценки, вклучително и градот Скопје, овие документи ќе ги претставуваат можните ризици и опасности кои може да се појават на нивната терижторија и ќе бидат одговор на институциите во справувањето.“
Со спроведување на мандатот на УНФПА во итни состојби се овозможува остварување на правата на сексуално и репропродуктивно здравје на девојките и жените, како и дејствување во поглед на нивната ранливост на насилство.