You are here

Скопје, 20 јуни 2022 година – Регионален форум „Виртуелното е реално: зајакнување на законодавната рамка заради поддршка на телесната автономија“, на кој говорниците од регионот на Западен Балкан и пошироко разговараа за тековните состојби со сајбернасилството и односните законски рамки, се одржа на 20 јуни во Скопје, Северна Македонија.

Форумот, во организација на националните канцеларии на УНФПА во регионот, ги зајакна регионалните партнерства преку изработка на доследни и делотворни законски мерки и подигање на свеста за борбата против дигиталното насилство и родово заснованото насилство општо. Говорниците од Балканот и пошироко, и г. Артур Еркен, Директот на Одделот за политики и стратегии на УНФПА, кој го отвори Форумот, зборуваа за широко распространетата форма на повреда на телесната автономија и човековите права.

Г. Артур Еркен, Директор на Одделот за политики и стратегии на УНФПА, му се обрати на Форумот во Скопје. Фотографија: УНФПА Северна Македонија

„Дигиталното насилство е насилство. Ги засега животите на милиони жени и девојки. Сега е времето да ги здружиме силите да ја заштитиме телесната автономија на секого, онлајн и офлајн“, рече г. Еркан во воведното обраќање, додавајќи дека 85% од жените на светско ниво пријавиле дека посведочиле онлајн насилство, а 40% дека лично биле жртви на таков вид насилство.

Функционерите и претставниците на НВО од регионот исто така му се обратија на Форумот, нагласувајќи дека е неопходно во правните рамки јасно да се дефинира виртуелното насилство и дека е од суштинско значење да се воведат делотворни законски мерки и да се подигне свеста за борбата против дигиталното насилство и родово заснованото насилство. 

Настанот е дел од кампањата „Бодирајт“ [Bodyright=телесно право], покрената од УНФПА, како глобален повик на дејство за прекин на насилството врз жените и девојките во виртуелните простори. Бодирајт е општествено движење создадено со цел да ги повика на одговорност технолошките компании, носителите на политики и другите лидери бидејќи тие ја имаат моќта да ја сузбијат онлајн злоупотребата.

Настанот се пренесуваше во живо на Јутјуб каналот на УНФПА Северна Македонија на следниов линк:
https://www.youtube.com/watch?v=6j2sqjyspV8