Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА заедно со другите партнери го одбележа Меѓународниот ден на младите – 12 август

УНФПА заедно со другите партнери го одбележа Меѓународниот ден на младите – 12 август

Вести

УНФПА заедно со другите партнери го одбележа Меѓународниот ден на младите – 12 август

calendar_today 11 August 2023

УНФПА заедно со другите партнери го одбележа Меѓународниот ден на младите – 12 август
УНФПА заедно со другите партнери го одбележа Меѓународниот ден на младите – 12 август. Фото: УНФПА Северна Македонија

Скопје, 11 август – По повод Меѓународниот ден на младите, денеска во Скопје, во градскиот парк – Школка, Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА и Младинскиот образовен форум во партнерство со Агенцијата за млади и спорт, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Активноста на УСАИД за млади што активно создаваат можности, организираа настан за одбележување и прославување на Денот на младите.

 

Настанот беше посветен на младите и имаше за цел да ги поттикне младите да се вклучат во различни активности, да ги охрабри креативно да се изразуваат и да учествуваат во процесите на донесување одлуки. Овој настан беше одлична можност да се промовира улогата на младите во општественото дејствување.

 

Манифестацијата за одбележување на Денот на младите започна свечено со звуците на хармоника на младиот Алдин Мурати. Потоа следуваа поздравни говори од Моника Сандри, привремен вршител на функцијата постојан координатор на ОН во Северна Македонија, и Наумче Мојсоски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

„Младите ја отелотворуваат суштината на иновациите, бестрашно уривајќи ги бариерите за редефинирање на иднината. Вашиот незадржлив жар ви овозможува да ги предизвикате нормите, да ги насочите општествените промени и технолошкиот напредок што го одредуваат патот кон одржлив развој на човечкото општество. Сите ние имаме обврска да направиме простор и можност за младите за да ги остварат своите потреби, соништа и амбиции“, истакна Моника Сандри.

 

„Денот на младите нека биде потсетник дека 364 дена работиме за младите, им даваме шанса на младите и ве поттикнуваме да бидете гласни, за ние, институциите, да го слушнеме вашиот глас, да бидете слободни во она што го работите и преку креативниот порив да градите прогресивно општество според вашите потреби“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

 

На настанот, исто така, се додели и Наградата за младинско учество во три категории, којашто препознава: иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации што покажуваат јасна визија за подобрување на заедницата кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања; исклучителната креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествените прашања; и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или на благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот.