Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА и Австрија ја прошируваат програмата за родово одговорни семејни политики во Западен Балкан

УНФПА и Австрија ја прошируваат програмата за родово  одговорни семејни политики во Западен Балкан

Вести

УНФПА и Австрија ја прошируваат програмата за родово одговорни семејни политики во Западен Балкан

calendar_today 15 May 2024

УНФПА и Австрија ја прошируваат програмата за родово  одговорни семејни политики во Западен Балкан
УНФПА и Австрија ја прошируваат програмата за родово одговорни семејни политики во Западен Балкан

Истанбул/Виена, 15 мај 2024 година – УНФПА, Фондот за население на Обединетите нации и Австриската агенција за развој (АДА), оперативната единица на Австриската развојна соработка, денеска го одбележуваат почетокот на втората фаза од заедничката програма „Проширување на изборот“ за родово одговорни семејни политики во соработка со владите и со приватниот сектор во Западен Балкан.

 

Програмата, во вредност од 2,2 милиони евра, им дава поддршка на владите и на приватниот сектор во времетраење од три години за зајакнување на родово одговорните семејни политики и промовирање работни места приспособени на семејствата во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и во Србија, како и во Косово (UNSCR1244). Три држави – Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија – се вклучуваат во втората фаза на програмата.

 

„Возбудени сме за проширувањето на програмата по успешната прва фаза“, вели Флоренс Бауер, директорка на Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија. „Со посилни родово одговорни семејни политики и поголем број работни места приспособени на семејството, жените и мажите полесно ќе ги усогласат работата и обврските за грижа, со што се зајакнуваат семејствата, се зголемува еднаквоста, им се овозможува на повеќе жени да се вработат, се поттикнуваат економиите, а државите обезбедуваат подобра позиција во справувањето со демографските промени“.

 

„Австриската агенција за развој гордо ја продолжува соработката со УНФПА во Западен Балкан. Заедно се стремиме да ги разбиеме вкоренетите родови нееднаквости нудејќи сеопфатна поддршка на обата родитела – и на мајките, и на татковците. Нашата крајна цел е да ги зајакнеме жените на начин што им овозможува да ја имаат кариерата што ја посакуваат, без притоа да мора да прават компромис во врска со основањето семејство“, вели генералниот директор на АДА, Фридрих Стифт.

 

Жените продолжуваат да го носат поголемиот дел од товарот поврзан со неплатената грижа и работа во домот, што го отежнува нивното вклучување и останување во работен однос. Истовремено, жените се соочуваат со предизвикот да основаат семејство и да го имаат посакуваниот број деца, без притоа да мора да го напуштат работното место.

 

Како резултат на тоа, стапките на учество на жените во работната сила на Западен Балкан се ниски, помеѓу 16,5 и 52 отсто – значително пониски од оние на мажите. А, стапките на фертилитет во регионот се движат помеѓу 1,3 и 1,5 деца по жена, што е многу пониско од две или повеќе деца колку што луѓето во просек велат дека посакуваат.

 

Програмата на УНФПА „Проширување на изборот“ е осмислена да ги поддржи владите во зајакнување на родителското отсуство од работното место и другите семејни политики и правни рамки на начин што ќе им биде од полза и на жените и на мажите. Ги поддржува приватните компании во создавањето работни места приспособени на семејството што ги земаат предвид конкретните потреби на жените. Исто така, промовира рамноправна распределба на неплатената грижа и работа во домот помеѓу жените и мажите.

 

Се очекува резултатите од програмата да придонесат за проширување на можностите на жените и за родова еднаквост, подобрувајќи ги економските перформанси и зајакнувајќи ја отпорноста на државите на демографски промени.

 

Од првата фаза на програмата, што заврши во 2023 година, веќе произлегоа неколку конкретни правни и политички промени поврзани со семејното отсуство од работното место и грижата за децата на државно ниво, мобилизација на околу 20 фирми лидери и 13.000 вработени лица и нивните семејства кои имаат полза од повеќе работни места приспособени на семејството.

 

УНФПА, Фондот за население на Обединетите нации, ги проширува можностите на жените и на младите лица да живеат здраво и продуктивно.

АДА е оперативна единица на Австриската развојна соработка.

 

За повеќе информации во врска со програмата, контактирајте со:

Мари Тулемонд, проектна менаџерка од УНФПА, toulemonde@unfpa.org

Катарина Шрајбер, советничка за односи со јавност, katharina.schreiber@ada.gv.at