Go Back Go Back
Go Back Go Back

УНФПА продолжува со серијата средби во локалните заедници како дел од кампањата “Има помош за живот без насилство”

УНФПА продолжува со серијата средби во локалните заедници како дел од кампањата “Има помош за живот без насилство”

Вести

УНФПА продолжува со серијата средби во локалните заедници како дел од кампањата “Има помош за живот без насилство”

calendar_today 30 March 2023

„Има помош за живот без насилство” - средба во Прилеп. Фотографија: УНФПА Северна Македонија
„Има помош за живот без насилство” - средба во Прилеп. Фотографија: УНФПА Северна Македонија

Струмица/Прилеп/Гостивар, 30 март 2023 - Кампањата „Има помош за живот без насилство” продолжува со девет локални настани во три општини низ државата – Струмица, Прилеп и Гостивар, каде се промовираат услугите за превенција и поддршка на жените-жртви на семејно насилство, преку дискусии и информирање на локално ниво.

Во Гостивар се одржаа две средби каде присуствуваа по околу 50 учеснички од различни средини и институции. Претставници на Министерството за внатрешни работи, на Центарот за социјални работи, како и од психо-социјална и адвокатска пракса, кои пружаат заштита и поддршка на жените жртви разговараа за услугите кои им се достапни на жените жртви на родово базирано и семејно насилство.



Фотографија: УНФПА Северна Македонија

На втората средба говореше претставник на центарот за социјална работа, верски лидер и психолог во училиште, а учесничките на средбата активно учествуваа во дискусијата и се вклучија со свои прашања.

Локалниот настан во Прилеп се одржа во присуство на жени од ромската популација кои се запознаа со работата на институциите, организациите и приватните практики што можат да помогнат за да се излезе од кругот на насилството.

На средбата во Струмица, пак, се разговараше за потребата од кампањи за подигнување на јавната свет, бидејќи насилството не е проблем само на жените, тоа е општествен предизвик.

Кампањата започна во јули 2022 година преку настани со жителите на општина Шуто Оризари и кампања на социјалните медиуми, а продолжува со настани во Гостивар, Струмица и Прилеп со фокус на ранливите категории на население. Овие средби се дел од кампањата „Има помош за живот без насилство”, ги промовира услугите што им се на располагање на жените и девојките жртви на семејно и родово базирано насилство во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија” што го спроведува Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и финансиска поддршка на Британската амбасада во Скопје.